ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КОВИД КРИЗАТА МОРА ДА СЕ НАДОПОЛНАТ СО ЗАБРЗАН РАСТ
➢ Актуелно (28.09.2021, во 10:12:50)
👁 Прочитано: 488



ПЛАНОТ ЗА ЗАБРЗАН РАСТ СТИМУЛИРА ФИНАНСИРАЊЕ НА ЕКОНОМИЈАТА ОДРЖУВАЈЌИ ФИСКАЛНА СТАБИЛНОСТ СО ПОДДРШКА НА ДРЖАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ КАПИТАЛ ЗАЕДНО
ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КОВИД КРИЗАТА МОРА ДА СЕ НАДОПОЛНАТ СО ЗАБРЗАН РАСТ

Планот беше презентиран од страна на министерот за финансии д-р Фатмир Бесими, пред репрезентативен број на претставници на компаниите членки на СКСМ.
Клучните компоненти во него се:

1. Зголемени инвестиции од 4 милијарди евра во наредните пет години, кој ќе поттикнат нови работни места и раст на економијата до 5% и
2. Обезбедување фискална консолидација, намалувањето на јавниот долг под 60% од БДП и враќање на буџетскиот дефицит на 3%.

Министерот Бесими кажа дека е ова оквирен план што ќе ги обедини сите механизми и алатки за поддршка на инвестициските активности на државата  едно место и произлегува од сумираните извештаи на годишната конференција „Скопје економски финансиски форум 2021“, кој од идната година ќе се организира заедно со бизнис секторот.

Во дискусијата што следеше, учествуваа поголем број македонски бизнисмени подржувајќи ги контурите на планот и укажаа на повеќе сегменти, кои се исклучително важни при неговото конципирање.
 
Однапред дефинирани критериуми, соодветна законска регулатива, форсирање на обновливите извори на енергија, погрешните субвенции во агросекторот, исклучително лошата состојба во градежништвото, состојбата со пазарот на работна сила, детални анализи за гранките што можат да испорачаат додадена вредност, се само дел од забелешките и мислењата кои ги истакнаа бизнисмените.

 

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, го поздрави континуираниот дијалог со министерството за финансии и укажа на деталното објаснување на одредени параметри од клучно значење за имплементација на планот како што се: јасно прецизирање дека нема да има зголемување на даноците; јасно прецизирање на улогата на приватниот сектор во целиот план и форсирање на петте клучни приоритети на приватниот сектор како што се: енергичната борба против сивата економија и корупцијата, забрзувањето на процесот на гасификација, поддршката на извозните компании, средување на состојбите во јавната администрација, итн.  

Во прилог линк до:
-    Инсерти од работната посета на министерот за финансии Бесими за Планот за економски раст
-    Изјави од министерот Фатмир Бесими, Кочо Анѓушев Брако, Андреа Јосифовски Макпетрол, Илија Гечев ИГМ Траде, Светозар Јаневски М6, Анатол Кутревски Пекабеско, Зоран Јовановски Стопанска комора на Северна Македонија

 

Служба за информирање при Комората