Ви благодариме што го прославивте нашиот јубилеј со нас и дониравте!
➢ Актуелно (23.09.2021, во 15:51:07)
👁 Прочитано: 616




Ви благодариме што го прославивте нашиот јубилеј со нас и дониравте!

Нашата голема донаторска акција заврши, а на видеопораката на нашите дигитални канали беа изброени вкупно 2.049.724 прегледи! На наше големо задоволство, ние оваа бројка ја зголемуваме двојно и донираме 4.099.448 денари на Универзитетската клиника за детски болести.

Синоќешното отворање на нашата ретроспективна изложба беше совршена прилика да ја заокружиме оваа донаторска акција и, во едни поинакви услови, да потсетиме дека нашата традиција продолжува, а вредностите врз кои се темели нашата компанија и понатаму ќе бидат јадрото околу кое ќе се движи сето наше работење.

85 години Алкалоид, Здравјето пред сè!

Служба за информирање при Комората