Седница на Управниот одбор на Советот на странски инвеститори - Дефинирани низа активности на Советот во наредниот период
➢ Актуелно (23.09.2021, во 10:30:03)
👁 Прочитано: 437




Седница на Управниот одбор на Советот на странски инвеститори - Дефинирани низа активности на Советот во наредниот период

Управниот одбор на Советот на странски инвеститори одржа редовна онлајн седница на 22.09.2021 година, на којашто се дискутираше за  повеќе актуелни теми и економски состојби во земјата, врз основа на што ќе се предлагаат мерки и препораки за подобрување на на климата за водење на бизнис и инвестирање во земјата.

На состанокот беа разгледани измените на Законот за финансиска поддршка на инвестиции кое Собранието на РСМ ги усвои на 04.08.2021 година со кои се релаксираат условите за аплицирање, се влијае на рамномерниот регионален развој, но за забрзување на процедурите за исплата на средства.   Беше одлучено одредени делови од Законот да да бидат предмет на  ревизија и дополнување во интерес на сите заинтересирани страни преку активен и креативен дијалог со бизнис-заедницата со дополнителни предлози од страна членовите на Советот на странски инвеститори.

Поради големиот успех и интерес на студенти и млади таленти од предходните изданија, беше одлучено да се продолжи со програмата „Млади менаџери и бизнис-лидери“ под покровителство на претседателот на државата. Програмата „Млади менаџери и бизнис-лидери“ се реализира преку соработка меѓу Кабинетот на Претседателот и Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија. Во неа учествуваат млади луѓе и компании-членки на Советот  кои ги ставија на располагање своите капацитети за младите лица да имаат можност да стекнат нови, практични знаења. Програмата предвидува обуки за стратешко планирање и лидерски вештини, вебинари, подготовка на студија на случај и посета на различни сектори во рамки на компаниите.

Во понатамошниот дел од седницата членовите на Управниот одбор на Советот на странски инвеститори дискутираа за предизвиците со кои се соочуваат странските компании, поврзани со влијанието на глобалната економска криза предизвикана од пандемијата со Ковид-19, интерните процедури и акции за вакцинација на нивните вработени, како и за други прашања од тековното работење на странските компании.

Следната квратална седница на Управниот одбор на Советот на странски инвеститори ќе се одржи во средината на месец декември.

Советот на странски инвеститори е основан на 27 февруари 2006 година со цел домашната економија да стане попривлечна за инвестирање преку поедноставување на деловното опкужување и зголемување на предвидливоста на работењето.

МИСИЈАТА НА СОВЕТОТ НА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ Е: „Активно промовирање и развој на предвидлива, конкурентна и одржлива деловна средина преку отворен дијалог со властите и другите релевантни чинители.“

Во моментот во Советот на странски инвеститори членуваат повеќе од 130 компании со странски капитал во земјата.

 

Влатко Стојановски
Соработник во организационата единица за развој, иновации и знаења