ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД НЕДЕЛА НЕРАБОТЕН ДЕН
➢ Актуелно (21.06.2021, во 15:16:01)
👁 Прочитано: 991




ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД НЕДЕЛА НЕРАБОТЕН ДЕН

Предлог измените на законот за работни односи со кој се дефинира недела неработен ден по сектори не оди во полза ниту на економските субјекти, ниту на работниците, ниту на македонската економија како целина, и ќе предизвика сериозни негативни импликации, е ставот на компаниите-членки на Стопанската комора на Северна Македонија. Изразуваат силно незадоволство од предложеното законско решение

Изминатите месеци континуирано многупати организирано на ниво на бизнис асоцијација апелиравме до надлежните институции дека предложеното законско решение за недела неработен ден ќе има негативен одраз повеќекратно врз повеќе сектори за кои се воведува ограничување за работа во недела. За таа цел на прес конференцијата во Стопанската комора на Северна Македонија беа презентирани негативните ефекти во секторите - градежништво, прехранбена индустрија и игрите на среќа.

Андреа Серафимовски, претседател на Здружение то на градежништвото индустријата на градежни материјали и неметалите

Градежниот сектор искажува разочарување од немањето перцепција за важноста на овој сектор за вкупната економија бидејќи токму оваа дејност во периодот што следи по завршување на кризата има потенцијал да придонесе за зголемување на продуктивноста и да биде мотор на економскиот развој.

Зошто го велиме ова? Нашата држава има ограничени можности развојот да го заснова на искористување природни богатства, па поради тоа сметаме дека треба да го заснова, пред сѐ, врз продуктивноста на трудот и врз креирање поголема додадена вредност. Притоа, мора да се има предвид дека за разлика од други дејности, извршувањето на работите во градежништвото е директно зависно од повеќе фактори кои влијаат на извршувањето на работите во овој сектор:

- временските услови: градежните компании не работат со ист интензитет во текот на целата година, туку работата зависи од временските услови и од климатските фактори, поради што, мора да се дозволи да се искористат сончевите денови во годината и поволната клима;

- роковите: реализацијата на проектите е врзана со рокови, а иницираната мерка би се одразила негативно не само врз реализацијата во недела туку и во текот на целиот викенд и би влијаела негативно врз исполнувањето на роковите, вклучувајќи ги тука и капиталните проекти од интерес за државата;

- спецификите на градежните материјали: градежните материјали што се користат во градежништвото имаат различни својства, па квалитетот на градбите е директно условен од брзината и од континуитетот на изведбата, при што одредени градежни работи не трпат одлагање (пр. бетонирање, асфалтирање и сл.);

- спецификите на работните процеси и технологијата: работата во градежништвото е теренска и на отворено, а кај инфраструктурните проекти подразбира и транспорт и патување на работниците, па доколку недела биде неработен ден, тоа сериозно би се одразило врз континуитетот на изведбата. Постои ризик наместо посакуваната цел, да се предизвикаат спротивни ефекти кои нема да бидат од интерес ниту на компаниите како работодавачи, ниту на работниците. Од една страна, работниците ќе се соочат со зголемен обем на работа во текот на работните денови, а ќе им биде одземено и правото да заработат повеќе со оглед дека дневниците во недела се повисоки од останатите работни денови. Од друга страна, компаниите ќе се соочат со поголеми транспортни трошоци и негативни последици од финансиски и од организациски карактер

 

Работните услови се значаен фактор за остварување на целта, меѓутоа не треба да дозволиме подобрувањето на работните услови да се гледа низ призмата на зголемувањето на празниците или неработните денови, туку низ призмата на мотивираноста и продуктивноста на работниците. Затоа, треба да остане можноста денот недела да биде работен ден за градежништвото како стопанска гранка, со можност правото на неделен одмор да се користи во другите денови од неделата согласно важечките законски прописи. Предуслов за поголема продуктивност треба да биде доследното почитување на правата на работниците, но и флексибилноста при организирањето на работните процеси. Затоа порачуваме, наместо преку ограничување и забрана за работа во недела, акцентот да биде ставен на засилување на контролните механизми и доследно почитување на законските прописи.

А пелираме законодавниот дом да го преиспита предложеното законско решение и да остави можност градежните компании да ги организираат работните процеси согласно потребите за успешна реализација и договорените рокови. Во таа насока, градежништвото да биде една од дејностите кои се предвидени како исклучоци во законот кај кои работниот процес е од таква природа што не може да се прекине поради техничко - технолошкиот процес и потребата од континуитет во работа та, а вработените во градежните компании да може како ден на неделен одмор да користат друг ден од неделата.

 

 

Васко Ристовски, Васко Ристовски, Менаџер во организационата целина за претставување на членките и вмрежување во Стручната служба

Домашните компании од прехранбената индустрија се препознаени како општествено одговорни компании кои се грижат за заедницата, а истовремено максимално се залагаат за почитувањето на човековите права, а особено на правата на вработените. Од друга страна, со цел да не дојде до прекин на работниот процес, кој е исклучително спецфичен, сметаме дека треба да имаат можност за рабора во недела наспроти предложеното законско решение.

 

1.

Производството на пиво и безалкохолни пијалаци е комплексен и специфицен процес . Се работи за процес кој е контролиран и управуван одживи организми (пивски квасци) . Процесот на производство на пиво вклучува алкохолна ферментација на пивски квасец која се одвива во континуирано времетраење од неколку дена. Ова значи дека процесот на ферментација (добивање на алкохол) е исто така континуиран и задолжително мора да биде постојано следен. Дополнително, а со цел овој процес да се одвива непречено, потребно е да се има 24/7 поддршка од делот на енергетика т.е непрекинато снабдување со воздух, вода, ладилна и топлотна енергија . Ако во некој од горе наведените случаи дојде до прекин со снабдувањето, истото ќе значи нарушување на квалитетот на производот, а следствено на тоа и огромна загуба. Исто така, специфичните енергенси и продукти кои се добиваат во производството, како што се CO2 и Метан бараат постојан мониторинг и надзор 24/7 за да не дојде до било какво загрозување на општата безбедност и животната средина . Од друга страна, при неработење во некој ден, односно во недела согласно предложениот закон, секое рестартирање на производството е поврзано со загуби на ресурсите - вода и енергија , што покрај неекономичното управување со природните ресурси , значи и дополнително загадување на животната околина .

Поради спецификата на процесите и потребниот квалитет кој компаниите треба да го гарантира ат за своите производи , а со цел обезбедување најквалитетни производи за потрошувачите, прекинот на работата во недела би значело дополнително изгубено продуктивно време (уште една до две смени во Понеделник) за да се рестартира производството.

- За процесот на производство на пиво и безалохолни пијалоци да започне во понеделник, потребна е претходна припрема на производот и производната опрема која претходна припрема трае најмалку 24 часа,

- Со цел да почне процесот на точење на истите на линија, потребна е претходна припрема, а кога е во прашање пивото, тоа треба да биде исфилтрирано најмалку 24 часа пред започнување со точењето,

- Со оглед на тоа што се работи за производ кој се користи како исхрана, задолжително мора да се изврши санитација на целокупната опрема пред употреба, кое што мора да се изврши најмалку 8 часа пред опремата да почне да се користи,

- Подесувањето, штелувањето на линиите за производство согласно програмата за работа, треба да биде направено најмалку 8 часа пред започнувањето на процесот

Прекинот на работата во недела за индустријата за производство на алкохолни, безалкохолни пијалоци и пиво би значело дополнително изгубен работен ден понеделник кој би бил без производство поради следните спецификите на претходните постапки во кои е вклучено:

- Санитација на целокупната опрема пред употреба во траење од 6 часа,

- Претходна припрема која се состои од загревање на опремата за пастеризација во траење од 3 часа,

- Претходна припрема на шеќерен сируп во траење од 8 часа,

- Припрема на финален сируп во траење од 3-4 часа,

- Подесување на производствените линии согласно програмата за работа во времетраење од 2 часа.

Истовремено, компаниите се обврзуваат да обезбедат користење на ден на неделен одмор за вработените, на начин што во недела не би работеле сите вработени, а на оние кои би биле на работа, како и досега, би им се исплаќал законски пропишаниот додаток на плата за работа во недела , што е во целосна согласност со Препорачаното решение во Проценката за влијание на регулативата.

2.

Прерабоувачите на млеко и млечни производи се исто така опфатени со најновата одлука која ќе има негативно влијание на оваа индустрија, целокупниот производен процес и нејзините крајни производи, поради карактерот на производниот процес во примарното производство со кое преработувачите на млеко се тесно поврзани и вертикално интегрирано

Имајќи ја во предвид индустриската гранка, механизмите и системите кои служат за обезбедување на безбеден производ, квалитетен производ, и производ кој ги дава потребните нутриенти, невозможно е недела да биде неработен ден во сегментот на прием и примарна обработка на суровото млеко од следниве аспекти:

· Млекото кое што се измолзува во сабота, се складира на фарма или откупен пункт и се разладува. Истото тоа млеко, по разладувањето, во недела наутро, се транспортира во млекарниците. Се врши прием на истото и се пристапува кон примарна преработка – филтрација, додатно ладење. Поради запазување на квалитетот на хемискиот и микробиолошкиот состав на суровото млеко, по самиот прием треба термички да се преработи - пастеризира.

· Зависно од големината на млекарницата, за овој процес, односно прием и пастеризација на сурово млеко потребни се еден до двајца оператери, односно, бројот на вработени кои би требале да бидат дежурни во недела, изнесува еден до двајца .

· Доколку овие активности не се преземат во недела, тогаш измолзеното млеко од сабота нема да се откупува, а измолзеното млеко од недела ќе се превезе во понеделник и ќе се преработува во вторник. На ваков начин се губи еден ден производство, односно при ваков случај се намалува производниот капацитет на фабриката со огромни економски штети и потребата од работна сила ќе биде намалена за една седмина (за изгубениот производен ден во понеделник).

· Сето ова се надоврзува на веќе изгубениот еден ден за продажба, поради неработењето на малопродажните објекти во недела.

3.

Во делот на кондиторијата, пред се кога се во прашање големите извозно ориентирани компании и механизмот кој служи за обезбедување количини производи потребни за домашен пазар но и за извоз, недела како неработен ден во сегментот производство негативно ќе се одрази на целокупниот процес како и на бројот на вработени во компаниите:

· Производството во одредени компании е организирано во четири бригади, односно секоја од нив работи два дена прва смена, два дена втора, два дена трета смена и два дена има слободни

На тој начин се остварува континуиран процес преку целата работна седмица како би се запазиле нарачките за извоз, а од друга страна работниците имаат по два слободни дена по претходно одработените три смени. Доколку Владата на РСМ не ја прифати забелешката од кондиторската индустрија, компаниите ќе бидат принудени еден дел од вработените (25% од вкупниот број вработени во производството) да го отпуштат.

 

 

Васко Илиевски, Групација на спортски обложувалници

Групацијата на спортски обложувалници упатува барање до ресорното министерство и Владата, обложувалниците да бидат изземени од овие законски измени, повикувајќи се на член 83 од Законот за игрите на среќа и забавните игри кој ја регулира работата на спортските обложувалници, а кој предвидува: „Обложувалницата може да утврди работно време од 24 часа на ден, секој ден, независно од тоа дали со закон или со друг пропис е одреден државен или верски празник или друг неработен ден“. Согласно ова, измените на Законот за работни односи со кои денот недела се предвидува да биде неработен не можат да ги опфатат спортските обложувалници. Воедно, истакнуваат дека ниту во светската пракса не постојат примери каде игрите на среќа имааат ограничување на работното време или работни денови во неделата, што во најголема мера е детерминирано од спецификата на понудата и побарувачката.

Од Групацијата посочуваат дека, ако и покрај погоре споменатиот член, денот недела биде неработен ден и за спортските обложувалници, тоа директно ќе го загрози работниот процес на целата стопанска гранка и ќе предизвика негативни социјални и економски последици.

„Работата на спортските обложувалници директно зависи од понудата на спортски натпревари. Најголем дел од спортските натпревари се играат за време на викендите, односно во недела. Воведувањето на денот недела како неработен ден значително ќе го ограничи и драстично ќе го намали пласманот за играчите во спортските обложувалници. Дополнително треба да се спомене дека играчите ги посетуваат спортските обложувалници во слободно време, односно најмногу во текот на викендите и недела, а не додека се на работа“ – истакнуваат од Групацијата.

Одлуката недела да биде неработен ден вработените во спортските обложувалници сериозно ќе го загрози деловното работење бидејќи повеќе од 70% од прометот се реализира во недела. Тоа директно ќе влијае врз финансиското работење, ќе доведе до драстично намалување на приходите, како и намалување на бројот на вработени.

„Еден голем дел од вработените во спортските обложувалници би можеле да ја загубат работата, бидејќи покривањето на еден дополнителен ден, денот недела, значи поголем број на вработени кои конкретно се една третина од сите вработени во спортските обложувалници. Вработените во спортските обложувалници работат 40 часа неделно, имаат слободен ден, платени им се сите прекувремени работни часови, ноќна работа и работа за празници, согласно законски пропишаното“- велат од Групацијата на спортски обложувалници.

Со своето работење индустријата на игри на среќа придонесува со една четвртина милијарди евра во буџетот на државата. На годишно ниво, во државниот и локалните буџети од индустријата на игри на среќа се слеваат повеќе од 250 милиони евра, по основ на директни приходи и индиректните приходи од ДДВ, локални такси, придонеси и даноци за плати, закуп на деловен простор. За плати за своите вработени, компаниите приредувачи на игри на среќа издвојуваат над 30 милиони евра.

Сите директно вработени во целата индустрија на игрите на среќа, кои ги има повеќе од 8.000, одржуваат уште седум работни места во други стопански гранки, односно индустријата на игри на среќа поддржува над 54.000 работни места. Индустријата воглавно вработува студенти и дипломци кои претставуваат околку 15 % од вкупниот број на вработени, а расте и трендот на вработување на млади информатичари, математичари, програмери и електроинженери, за кои компаниите кои работат во оваа гранка континуирано имаат отоврено огласи за работа.

 
Служба за информирање при Комората