ВО ТЕК Е РЕВАКЦИНАЦИЈА НА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО НИШ
➢ Актуелно (19.06.2021, во 09:55:21)
👁 Прочитано: 726




ВО ТЕК Е РЕВАКЦИНАЦИЈА НА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА  ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО НИШ

Во тек е ревакцинација на бизнис заедницата, акција на Стопанската комора на Северна Македонија, која заедно со Стопанската комора на Србија, а во рамките на Коморскиот инвестициски форум се реализира викендов во спортската сала „Чаир“ во Ниш, Република Србија.

Се ревакцинираат вработени од Комората, како и вработени од компаниите членки на Комората, чии работни места се од висок ризик од пандемијата и единствено на овој начин ќе продолжат непречено да работат и да го задржат нивото на економска активност.

Процесот во овој момент се одвива непречено, без задржувања на вакциналните пунктови.

Ревакцинацијата ќе биде извршена на истото место каде и првата вакцинација.

 

 

 

 

 

Служба за информирање при Комората