Од одржаната годишна конференција на тема: "МЕДИЈАЦИЈА-ЗА НОВА КУЛТУРА ВО РЕШАВАЊЕТО НА СПОРОВИТЕ"
➢ Актуелно (11.06.2021, во 10:26:31)
👁 Прочитано: 591



-Бројот на спорови решени со медијација се зголемува, но се уште е потребно да се работи на нејзина афирмација-
Од одржаната годишна конференција на тема: "МЕДИЈАЦИЈА-ЗА НОВА КУЛТУРА ВО РЕШАВАЊЕТО НА СПОРОВИТЕ"

Во рамки на Проектот „Медијација без дилема“, кој го спроведува Институтот за европска политика (ЕПИ) во соработка со Академијата за судии за јавни обвинители „Павел Шатев“, Комората на медијатори на Северна Македонија и Холандската федерација на медијатори а кој проект е финансиски поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во РСМ, на 9 јуни 2021 година преку ЗООМ платформата се одржа годишната конференција на тема „Медијација за нова култура во решавањето на споровите“.

На годишната конференција воведни обраќања имаа директорката на Институтот за европска политика (ЕПИ), Симонида Кацарска, министерот за правда на РСМ, Бојан Маричиќ, Амбасадорот на Кралство Холандија во Скопје, H.E. Дирк Јан Коп, претседателот на Комората на медијатори во РСМ, Славе Маладеновски, директорот на Академијата за судии и јавни обвинители, проф.д-р Наташа Габер Дамјановска и претседателот на Холандската федерација на медијатори, проф.д-р Јан ван Цвитен.

Директорка на ЕПИ Симонида Кацарска, посочи дека нивните истражувања за користењето на медијацијата во нашата земја покажуваат дека постои разбирање кај клучните чинители за придобивките од медијацијата. Резултатите се прелиминирани, но постои подготвеност од страна на многу од чинителите, како и упатување од страна на судиите, поголема прифатливост и од адвокатите, поголема свесност кај јавната администрација, која ја нотираме во однос на потенцијалот што го нуди медијацијата. Анкетата ни дава надеж дека сме на добар пат, меѓутоа нотираме некаде 40 проценти од испитаниците во јавната администрација и од бизнис секторот, кои не се запознаени со медицијацијата. Имаме се уште многу простор за подигање на свеста“, изјави Кацарска.

Во своето обраќање министерот за правда на РСМ, Бојан Маричиќ ја потврди заложбата на Министерството за правда за подигнување на свеста и промовирање на медијацијата како алтернативно решение за решавање на споровите. „Мирното решавање на споровите треба да се гледа како дополнување на судскиот систем, а не како негова замена“, подвлече министерот Маричиќ. Тој се заблагодари на Институтот за европски политики ЕПИ за реализацијата на овој Проект, на Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје за поддршката на правосудството на РСМ, Комората на медијатори, упати благодарност до Академијата академијата за судии и јавни обвинители, бидејќи според него обуката на правните професионалци во однос на придобивките од медијацијата е клучна за успешен развој на концептот на медијација.

Министерот Маричиќ истакна дека вкупната бројка на медијации од 2007 до 2016 година не можеше да достигне ниту стотина. Но, од 2017 година почнува да се забележува драстична разлика. Во 2020 година медијаторите покажале внес на 1.943 предмети во регистарот за евиденција на постапките на медијација на Министерството за правда. Од нив, 65 проценти или 1.275 завршиле со спогодба. Нашата цел е овој процент дополнително да се зголемува, а  Северна Македонија да биде регионален лидер по спорови решени со медијација, изјави Маричиќ. Тој додаде дека една од целите на новиот предлог Законот за медиајција е приближување кон практиките на земјите членки на ЕУ, каде во секоја ситуација на разрешување на конфликтини и спорни ситуации, акцентот се става на алтернативното решавање. Во законот се воведува и новина во начинот на полагање на испитот за медијатори пред комисија, што ќе влијае на создавање квалитетен, стручен и обучен кадар.

Н.Е. амбасадорот на Кралството Холандија во Скопје, Дирк Јан Коп изрази задоволство од реализацијата на овој Проект. Како што истакна тој овој проект кој започна пред 1 година има за цел да ја доближи медијацијата до РСМ. Медијацијата е успешен концепт во Холандија, а за тоа зборува и фактот дека ресторативната правда се употребува и во кривични случаи со кои се опфатени малолетни лица. Н.Е. Дирк Јан Коп искажа благодараност до сите инволиврани страни и уште еднаш ја потврди поддршката на Кралството Холандија која ја дава во развојот и унапредувањето на правосудниот систем во нашата земја.

Претседателот на Комората на медијатори на РСМ изрази надеж дека од оваа годишна конференција ќе произлезат силни пораки за употребата на медијацијата во РСМ. Откако ги образложи предизвиците со кои се соочуваат медијаторите тој упати благодарност до министерот за правда за напорната работа се со цел да се измени Законот за медијација и истиот да овозможи зголемена употреба на медијацијата при решавање на споровите.

Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска, во своето обраќање истакна дека медијацијата како алтернативно решевање на споровите во РСМ за жал не го добива заслуженото внимание и дека е потребна поголема промоција и ангажираност на сите релевантни институции  доколку сакаме да ја промениме перцепцијата на општеството во однос на медијацијата. Темата за медијација е опфатена во програмите за континурана и почетна обука на Академијата. Академијата постојано ги надградува концептите на овие програми сé со цел тие да одговорат на барањата и потребите на правните професионалци, подвлече Габер Дамјановска. Таа се зблагодари на сите од проектот посебно на Амбасадата на Кралството Холандија за нејзината поддршка не само на правосудниот систем, туку и на Академијата, и секако на Министерството за правда за несебичната ангажираност во реализацијата на голем број активности кои се во насока на подобрување и унапредување на ефикасноста на правосудниот систем на РСМ.

Според  претседателот на Холандската федерација на медијатори, Јан Ван Цвитен до сега најголемиот ентузијазам за промоцијата на медијацијата ја забележал во нашата зермја. За Ван Цвитен потребен е квалитетен кадар, промоција, подигнување на свеста за медијацијата и подигнувањет на образованието со цел медијацијата да го добие своето заслужено место. Тој верува дека со вклученоста на сите релевантни институции, медијацијата може да заживее во РСМ.

Веднаш по воведните обраќања искуствата од своите земји во однос на медијацијата ги презентираат присутните експерти од: Холандија, претседателот на Холандската федерација на медијатори, проф.д-р Јан ван Цвитен, од Италија, Леонардо Д Урсо ко-основач и извршен директор на АДР Центар Глобал Италија, од Грција- медијатор Елена Колцаки, од Хрватска, претседателот на Здружението на медијатори на ЈИЕ, Стипе Шола и од Мексико, медијатор м-р Хесус Чанон Росас.

За клучните предизвизи и постигнатите резултати во полето на медијацијата во нашата земја во посебниот панел за тоа говореа д-р Малинка Ристевска Јорданова, член на УО на ЕПИ и Радица Лазаревска Геровска, државен советник во Mинистерството за правда на РСМ.

Д-р Јелисавета Георгиева Јовевска, потпретседател на Стопанската комора на РСМ, и лиценциран медијатор во нашата земја, настапи во делот на конференцијата кој беше наменет за националните искуства, клучните предизвици во однос на медијацијата и медијацијата во различните спорови. Таа говореше на темата за Медијацијата и бизнисот-медијацијата во трговските спорови и значењето на центрите за медијација.

Медијацијата им заштедува и пари и време на граѓаните и компаниите, избегнувајќи долги и скапи судски спорови, а нуди и доверливост на постапката што е особено корисно за трговските и семејни спорови. Додека во западните земји таа е ефикасен начин за надминување на споровите со постигнување на взаемно прифатливо решение за двете страни, кај на се уште е потребно да се работи на нејзина афирмација и промоција.

Токму затоа, во обраќањето на д-р Јелисавета Георгиева Јовевска, беше потенцирана целосната поддршка која Стопанската комора на Северна Македонија ја нуди на сите заинтересирани страни за поголема популаризација и промоција на медијацијата. Георгиева-Јовевска подвлече дека тргнувајќи од фактот дека скоро секаде во коморите една од главните цели и активности е и поддршка на алтернативните начини на ефикасно решавање на споровите, како медијацијата, и Стопанската комора на РСМ дава целосна поддршка на тој процес. Практично, поддршката се гледа и преку формирањето на Асоцијацијата за поддршка на медијацијата како форма на организирање и работење во рамките на Комората. Асоцијацијата за поддршка на медијацијата (АПМ) се формираше на 15.7.2016 година, со основна цел да обезбеди поголема промоција на медијацијата. Во неа, освен лиценцирани медијатори согласно Законот за медијација, доброволно учествуваат и експерти од областа на медијацијата, компании, институции и други кои што сакаат да дадат поддршка за популаризација на медијацијата. Активностите на АПМ се насочени кон користење на медијацијата со цел растоварување на судските постапки и изнаоѓање на прифатливи решенија за компаниите и продолжување на нивната идна деловна соработка. Од јули 2016 година од кога е основана оваа Асоцијација до денес АПМ има направено повеќе од 40 настани за промоција на медијацијата (настани како: формирање на тело за поддршка на медијацијата, издавање на промотивен материјал за информираност на компаниите, одржување на прес-конференции за пренесување на поволностите од медијацијата, организирање на бесплатни семинари и предавања првенствено за компаниите, оганизирање на меѓународни настани за пренесување на искуствата од развиените земји во полето на медијацијата и сл.) со учество на тие настани од над 900 претставници од компании, претставници од домашни и странски институции и др.

И во следниот период Стопнската комора на С.Македонија ќе продолжи да го поддржува овој процес и да ги промовира бенефитите од користењето на медијацијата.

Во делот на промоција на медијацијата во различни спорови во нашата земја, на Конференцијата се обратија и медијаторите м-р Билјана Азеска Толеска, м-р Илија Манасиев како и м-р Гордана Атанасова.

 
Служба за информирање при Комората