КОНСТИТУИРАН КЛУБ 6 - Колегиумот на потпретседателите на Стопанската комора на Северна Македонија
➢ Актуелно (10.06.2021, во 08:41:29)
👁 Прочитано: 202



Kонтинуиран и ефикасен дијалог помеѓу дизајнерите на економските политики и бизнис сектор
КОНСТИТУИРАН КЛУБ 6  - Колегиумот на потпретседателите на Стопанската комора на Северна Македонија

Една од клучните претпоставки за постигнување забрзан и одржлив раст на една национална економија е постоењето на континуиран и ефикасен дијалог помеѓу дизајнерите на економските политики и бизнис сектор. Во таа насока, веднаш по конституирањето на КЛУБ 6- потпретседателската екипа на Комората која е составена од група најуспешни бизнисмени од средна возраст и претседателот Бранко Азески реализираа работни средби со Фатмир Битиќи, Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции,  Министерот за финансии на Република Северна Македонија Фатмир Бесими и Сања Лукаревска, директорката на Управата за јавни приходи на РСМ. Ваквиот дијалог овозможува појасно да се идентификуваат потенцијалите на економијата и мерките преку кои може да се обезбеди забрзување на економскиот раст на македонската економија. Беа разменети информации во однос на приоритетните потези кои се предлог на Стопанската комора на Северна Македонија, како бизнис комора која наредната година ќе прослави 100 годни коморско работење и чии членки генерираат половина од вкупниот промет, половина од вкупната нето добивка и го вработуваат секое трето лице од приватниот бизнис сектор. 

Целта на  утврдувањето на приоритетни потези е создавање на можности и амбиент што ќе поттикнат зголемена економска активност на приватниот сектор кои се истовремено услов за излез од кризата со Ковид 19. Издвоени се 20- тина предлог мерки за кои се предмет на дијало и за кои бизнисот смета дека се услов за забрзан раст, а меѓу нив се прашањата кои веќе неколку години ги иницираме: усогласувањето на царинските стапки со стапките на ЕУ кое е прашање од првокласен приоритет за идните изгледи за извоз на македонската економија, потребата од итното ревидирање на системот на парафискалните давачки, даночниот календар –дефинирање на временската рамка во која дизајнерите на економските политики би можеле да прават измени на даночниот систем, холдингот,  зголемување на извозот преку финансиска поддршка на извозните компании, но и подршка на компаниите кои инвестираат и уште десетина други. Како една од кличните потези на државата за раст на инвестициите, вработеноста, профитабилноста е потребата за итното решавање и ставање на крај на екстремно долгите постапки за издавање на одобренија за градба, посебно кога станува збор за инвестиции од бизнисот кои креираат додадена вредност за економијата. Нема раст на економијата и нема инвестиции, нема нови вработувања и буџетски приходи, ако нема брзо устројување на државната администрација во функција на решавање на клучните потреби за бизнисот, се заклучи на средбата.

м-р Анета Трајковска
Проектен менаџер за тековни операции