Превозниците на основни добра ќе имаат корист од приоритетните премини низ Западен Балкан
👁 Прочитано: 574




Превозниците на основни добра ќе имаат корист од приоритетните премини низ Западен Балкан

Една година по покренувањето на иницијативата, Зелените коридори / ленти се проширија на сите премини во земјите членки на ЦЕФТА. Ова значи дека трговците што носат основни добра ќе имаат приоритетен премин низ целиот Западен Балкан. Проширениот концепт ќе придонесе за намалување на времето на чекање на граничните премини и ќе резултира со намалување на трошоците за транспорт и трговија за сите деловни активности. Обезбедена е електронска размена на информации пред пристигнувањето на граничните премини преку ЦЕФТА СЕЕД (Систематска размена на електронски податоци) за основни добра, помеѓу царинските управи и другите агенции вклучени во царинењето на стоки, што овозможува најавување на пратките однапред.

Овој систем им овозможува на царинските и фитосанитарните, ветеринарните и инспекциите за храната да ги испланираат своите ресурси на граничните премини, да извршат документарни проверки однапред и да им дадат приоритет на минување на камиони кои пренесуваат основни добра.
„Зелените коридори / ленти ја зачуваа трговијата во време на пандемија, а им служеа и на деловните субјекти и на администрациите. Врз основа на достигнувањата на иницијативата, го проширивме концептот на целата мрежа на гранични премини на Западен Балкан. Концептот обезбедува поефикасно транспортно и трговско олеснување за превозниците, со отстранување на најсериозните извори на неефикасност и непотребно оптеретување на премините. Ќе продолжиме да го развиваме концептот и се надеваме дека ќе ја прошириме иницијативата до граничните премини со соседните членки на ЕУ со оглед на економското значење на Европската унија за регионот, што претставува околу 2/3 од целата трговија.“ Изјави Емир Џикиќ, директор на Секретаријатот на ЦЕФТА.


Зелените коридори / ленти во рамките на Западен Балкан се воспоставени на почетокот на епидемијата на КОВИД-19 за да се спречи недостиг на основна стока и медицинска опрема. На Самитот во Софија одржан во ноември 2020 година, лидерите изразија поддршка за проширување на Зелените коридори/ ленти на сите гранични премини во Западен Балкан и со соседните земји-членки на ЕУ.
 

м-р Сања Николова
соработник во организационата целина за претставување на членките и вмрежување