СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ИЗБРАНИ ЗАМЕНИЦИ-ПРЕТСЕДАТЕЛИ И ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
➢ Актуелно (29.04.2021, во 16:07:28)
👁 Прочитано: 1018




ИЗБРАНИ ЗАМЕНИЦИ-ПРЕТСЕДАТЕЛИ И ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заокружувајќи го процесот на статутарните промени на Стопанската комора на Северна Македонија кои започнаа со донесување на Стратегијата за градење на Комора на иднината во 2019 година, повикувајќи ги во органите и телата најспособните луѓе од бизнисот и науката, кои можат да ја спроведат таа Стратегија, на денешната седница на Собранието на Стопанската комора на Северна Македонија на највисокото место во хиерархијата се избраа најискусните и најуспешните наши бизнисмени кои во моментот ги водат најуспешните компании, кои долго време се континуирано во врвот на македонскиот бизнис.

За заменици-претседатели на Стопанската комора на Северна Македонија се избраа:

  • М-р Живко Мукаетов, Алкалоид АД Скопје
  • Хари Костов, Комерцијална банка АД Скопје
  • Андреја Јосифовски, Макпетрол АД Скопје
  • Илија Гечев, ИГМ Трејд ДОО Кавадарци
  • Д-р Кочо Анѓушев, Брако Групација.

 

За потпретседатели на Комората се избраа:

  • Антонио Аргир, НЛБ банка АД Скопје
  • Сашо Наумоски, Витаминка АД Прилеп
  • Сашко Самарџиоски, Прилепска пиварница АД Прилеп
  • Д-р Драгана Чифлиганец, Адора Инжинеринг ДООЕЛ Скопјe
  • Виктор Мизо, Костал Македонија ДООЕЛ Охрид
  • М-р Глигор Цветанов, Макпрогрес ДОО Виница
Љупка Илиевска Самарџиска
виш советник во Стопанска комора на Северна Македонија