Ново издание на Месечниот економски преглед (МЕП) за тековните економски движења во македонската економија
➢ Актуелно (21.04.2021, во 13:59:20)
👁 Прочитано: 162




Ново издание на Месечниот економски преглед (МЕП) за тековните економски движења во македонската економија

Во прилог е новото електронско издание на Месечниот економски преглед (МЕП) за тековните економски движења во македонската економија. Новиот број ги анализира движењата кај повеќе економски индикатори значајни за работењето на компаниите, со осврт на економската соработка на РС Македонија со земјите од Блискиот Исток, бројот на активни деловни субјекти во РС Македонија во 2020 година и економските индикатори во Европската Унија.

РАБОТИ КОИ ГО ОДБЕЛЕЖАА ПЕРИОДОТ:

...неочекуван пад на индустриското производство од 12,2% во февруари
...трговијата на големо во пораст, трговијата на мало со умерен пад
...градежништвото и туризмот со негативни стапки
...очекувањата на деловните субјекти во преработувачката индустрија се минимално подобрени во март
...трошоците на живот пораснаа за 0,5% во март
...платите на приближно непроменето ниво
...раст на извозот и увозот во февруари
...подобрена реализација на капиталните расходи во февруари
...цените на нафтата на крајот од март 2021 го достигнаа нивото од 2019 година

Во Месечната информација, во делот  “актуелно”, ќе имате можност да се информирате и за активностите на Стопанската комора на Северна Македонија кои што се од Ваш интерес, а се однесуваат на актуелните проектни повици и одлуките на УО на Комората.

За сите информации за месечната информација обратете се кај г-ѓа Антонета Манова Ставреска (antoneta@mchamber.mk).

 

м-р Антонета Манова Ставреска
самостоен советник за анализи и истражувања на стопанскиот систем и економската политика