AKТУЕЛНИ СОСТОЈБИ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВО И ПРЕХРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА
➢ Актуелно (05.04.2021, во 14:10:40)
👁 Прочитано: 145




AKТУЕЛНИ СОСТОЈБИ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВО И ПРЕХРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА

 

 

ВОВЕД

Земјоделството и прехранбената индустрија во Република Северна Македонија, економски гледано се третиот најголем сектор кој има значаен придонес во бруто домашен производ (БДП), надворешната трговија и јавната и приватната потрошувачка, а пак социјално гледaно овие две индустрии заеднички се голем работодавач со вкупно 10.967 активни претпријатија. Учеството на земјоделскиот сектор во вкупниот БДП остана релативно стабилен со околу 10-12%, а заедно со преработувачката индустрија, процентот се зголемува на 16-18%.

За искористување на откриените можности поврзани со пораст на побарувачката за храна, како и интеграција во европското земјоделство, македонското земјоделство треба да ги искористи своите јаки страни, а истовремено да ги надминува своите слабости, како и да ги неутрализира претпоставените опасности.

Можностите за поголем придонес на оваа дејност во националната економија се значително поголеми од прикажаните, затоа што расположивите потенцијали во земјоделството не се целосно искористени и покрај традицијата во овој сектор, како и покрај поволните климатски услови (220 сончеви денови во годината). Повеќе од една третина од земјоделското обработливо земјиште не се обработува. Субвенциите кои почнаа да се исплаќаат од 2007 година не ги дадоа саканите ефекти, наместо развојна нота тие беа искористени како социјално-политичка алатка

Но македонското земјоделство во изминатите 25 години се соочува со големи предизвици. Членството во СТО, Спогодбата со ЕУ, членството во ЦЕФТА, ги прошири можностите за зголемување на извозот, но истовремено ја зголеми домашната конкуренција.

При тоа, напуштањето на ценовната поддршка на земјоделските производи во 1997 година, за разлика од ЕУ и соседните земји, услови нелојална конкуренција од увозното субвенционирано производство. Отсуството на други мерки, како супституција на укинатите субвенции, услови продлабочување на дефицитот од година во година. И покрај системската поддршка која беше вратена во 2006 година, производните резултати во земјоделксиот сектор не забележаа подинамичен пораст.

Создавањето на конкурентен земјоделско-прехранбен сектор, кој ќе ги искористи компаративните предности на Република Северна Македонија, бара доследно спроведување на сеопфатни мерки во низа области, вклучувајќи: ефективни земјишни политики, финансирање, преструктуирање на земјоделското производство во насока на производи со дефицит на високи примања и ефективни пазар кој обезбедува соодветна средина за техничките и претприемачките вештини на домашните фармери. Целта е да се зајакне свеста за македонските земјоделски и прехранбени производи чии имиња се заштитени со оригинални ознаки за потекло, заштитени географски ознаки или загарантирани традиционални специјалности со цел да се зголеми нивната побарувачка, да се зголеми интересот на производителите за влез во производство на заштитени производи за да се постигне нивно подобро позиционирање и да се спречи злоупотреба на заштитени имиња на пазарот.

На Македонија и недостасуваат економски одржливи рурални заедници кои ке допринесат во развојот на македонското земјоделство и пласман на македонските производи на странските пазари. Неопходно е да се спроведат активности поврзани со промените во животната средина за да во еден догледен перод може да се видат резутатите од добрата земјоделска пракса, подигнување на свеста на населението за значењето на можностите кои ги дава Македонија за производство на здравствено безбедна храна. При тоа, посебно внимание треба да се посвети на адаптација кон климатските промени (како во растителното производство, така и во анималното), контролирано управување со водните ресурси, биоенергијата и бидиверзитетот во државата.

Во текот на здравствено-економската криза COVID-19, работата на земјоделско-прехранбениот сектор беше само забавена поради новите правила за ограничување на движење како одговор на пандемијата. Најголемите предизвици со кој се соочуваше земјоделско-прехранбениот сектор се однесуваа на организација и логистика на увозот и извозот на своите производи, како и организација на тековните земјоделски и производствени процеси кај претпријатијата поради ограниченото работно време и движење. Високи 50.98% од претпријатија се сочуваат со откажување /одложување на склучени нарачки, што покажува на големо влијание на COVID-19 кризата врз претпријатија. Загубите на земјоделско-прехранбениот сектор во првиот квартал од 2020 година во споредба со првиот квартал од 2019 се проценети на околу 22-40%, и за таа сметка секторот во 2020 година очекува намалена профитабилност за 41-60%.

Владата на РСМ од 2006 година ги врати субвенциите, кои од 20 мил. евра во 2007 година, буџетските средства за субвенции во земјоделството се зголемија на 45 милиони евра во 2008 година, 70 милиони во 2009 година, 100 милиони евра за 2010 година, 115 мил. евра за 2011 година и преку 160 милиони евра за 2021 година, а кај значаен број суровини за прехранбената индустрија се намали или се укина царинската стапка.

Но, и покрај системската поддршка, производните резултати во земјоделксиот сектор не забележаа подинамичен пораст. Одговорот за тоа, кои се причините и кои се клучните приоритети за позитивни движења во сите гранки на земјоделскиот сектор, ќе биде предмет на расправа на наредната седница на Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија.

 

 

ОСТВАРЕНИ РЕЗУЛТАТИ

 

1. Физички обем на производството - Стапката на производството во последниве години бележеше намалување во однос на претходните година, со исклучок на 2009 и 2010 година, кога забележа пораст од 5%, односно 3%.,

Табела 1. Стапка на физички обем на производството /2005=100

 

2005

2006

2008

2009

2010

2011

2012

2015

2016

217

218

2019

земјоделско

100

105

98

105

103

98

97

95

94

94

97

99

индустриско

100

104

107

113

115

122

121

125

129

104

109

113

Во споредба со движењето на физичкиот обем на индустриското производство, скоро во сите години земјоделството остварува пониска стапка

 

 

 

2. Користење на земјоделското земјиште

 

 

Во структурата на земјоделското земјиште, 40,7% или 516,000 хa зафаќа обработливото земјиште и бележи намалување од 8% во однос на 2005 година (560,000 ха), и 750 илјади ха зафаќаат пасиштата, кои бележат зголемување од 9,9% во однос на 2005 година ( 682,000 ха)

Наведената тенденција во намалувањето и на обработливото земјоделско земјиште е присутна уште од 2001 година, која тенденција не ја смени насоката и покрај позитивните системски мерки на економската политика во изминатите четири години.

Тенденција на намалување има кај ораниците и бавчите од 7,4%, кај лозјата11,6%, а пораст од 22,3% кај овошните градини

Од вкупнo 417 илјади ха под ораници и бавчи, во 2019 година беа засеани 281,000 ха, еден хектар е под расадници. Под угари и необработена површина се 135,000 ха, што е 32,3% неискористен потенцијал од ораниците - обработлива земјоделска површина за производство на храна

Засеани површини одделно по категории, во ха

 

2006

2007

2008

2009

2010

2015

2016

2019

пченица

99.080

91.977

86.890

88.256

79.946

73,979

79.898

68.959

`рж

3.941

4.074

3.928

3.777

3.590

3,758

4 .490

3.834

јачмен

48.472

48.390

48.753

48.756

42.959

41,763

41.339

44.098

пченка

31.900

31.069

31.582

32.737

28.644

31,807

31.083

34.123

ориз

2.525

2.525

2.657

3.125

4.126

5,018

5.040

3.649

шеќ. репка

7

241

/

/

/

/

/

 

сончоглед

3.724

3.676

4.962

4.211

4.061

5,562

3.974

4.677

тутун

17.507

17.183

17.064

17.809

20.300

16,128

16.379

16.719

лозја

24.256

21.312

21.767

19.963

20.033

22,918

24.000

23.996

Извор: ДЗС

Шеќерната репа веќе од 2008 година не се одгледува, а кај сончогледот има позитивно поместување за околу 700 хектари.

3. ПРОИЗВОДСТВО

3.1. Поледелство - Согласно движењето во засеаната површина, производството на пченица се сведе на 236.916. тони, што е 23% намалувањеод истото во 2006 година (293.326), пченката на 145 000 тони со намалување од 1,5% (147.000), сончогледот бележи блага тенденција на зголемување (6.539) по неговото скоро исчезнување, ако се земе предвид дека во 1991 година се произведувале 38,6 илјади тони (8,500 т во 2015)

Тутунот задржа стабилно ниво, со одредени осцилации зависно од неговата конјунктура на светкиот пазар, согласно која во 2019 година достигна 26.234 тони, на исто ниво како и во 2006.

3 3.2 Во градинарството, благ пад во физичкиот обем на производството е забележан скоро кај сите култури, освен кај пиперката и компирот каде е забележано незначително зголемување во однос на претходните години.

3.3.- Кај добиточниот фонд, бројот на говедата во 2019 година има зголемување од 5,7% во однос на 2015 година. Бројот на овци е намален за 2%, на живина за 18%, а бројот на свињи забележа пораст од 18%, додека матичното стадо – бројот на маторици и спрасни назимки е зголемен за скоро 30%. Бројот на пчелни семејста оставри пораст од скоро 22%.

Производството на кравјо млеко од 2005 година наваму забележа значителен пораст, така што од 197 милиони литри во 2005 година се зголеми на 361 милиони литри во 2016 година, односно 390 милиони литри во 2019 или за 97%. Порастот се должи на зголеменото производство по грло од 2.245 литри по молзна крава во 2005 година, на 2,828 литри во 2016 година на 3.438 литри во 2019 година (или пораст за 41% по грло).

- Производството на овчо млеко е намалено од 56,5 милиони литри во 2005 година, 40 милиони литри во 2015 година, на 35 милиони литри во 2019 година или за 21 милиони литри, како резултат на намалениот број на грла за 30% во наведените години, иако по грло од 65 во 2005 годиина на 77 литри по грло во 2016 година, односно 68 литри во 2019 година.

Производството на месо во 2019 година е зголемено за 4.6 % во однос на 2016 година, а одделно по категории, кај говедското за 19,5% (од 4.900 на 4.100 тони), овчото за 18% (од 3,900 на 3.300 тони) и кај живинското месо за 22%. Раст е забележан само кај свинското месо за 21% (од 8 10,800 на 13.400 тони).

Во тековната година одредени сектори се соочија со проблеми кои дополнително ја оптеретија оваа стопанска гранка.

Млекарството и месната индустрија, мелничарството и винарството се клучните под сектори во агро индустријата со потенцијал за развој, за што бизнис секторот има конципирано предлог мерки. Но изминатата година кулминираа проблемите во сите четири сектори, што покажа дека е потребно интервентно решавање на одредени суштински проблеми за да се зачува сточниот фонд, лебното жито и лозарството како стратешка суровинска база за дури потоа да може да се размислува за стимулативни мерки кои ќе носат до раст.

 

-МЛЕЧНАТА И МЕСНАТА ИНДУСТРИЈА ДИРЕКТНО ЗАВИСНИ ОД КВАЛИТЕТЕН СТОЧЕН ФОНД

 

Производството на млеко во државата се карактеризира со голем број мали фарми – традиционални фармери (75% од вкупниот број) кои имаат нископродуктивни 1 – 3 крави со ниско годишно производство на млеко од 2-3 илјади литри по крава. Многу е мал бројот на големи специјализирани фарми со повеќе од 20 крави (околу 3% од вкупниот број) со висока продуктивност и годишно производство на млеко околу 5 илјади литри по крава. Само 1% од фармите имаат повеќе од 50 грла и треба да бидат носители на производството на квалитетен генетски материјал за преостанатите фарми (репродуктивни центри).

Следејќи ја анализата за факторите кои доведуваат до вакви состојби, се наметнува потребата од интервенции во примарното производство со воведување на стандарди со кои се детерминираат основните услови на одгледување на добитокот, генерални правила за хигиена во примарното производство, како и ревидирање на започнување со спроведување на системот за плаќање на суровото млеко врз основа на квалитетот, донесен во февруари 2002 година.

Две работи се приоритетни да се направат:

Ø Воспоставување рамнотежа помеѓу откупната цена на млекото и квалитетот на истото. Домашните млекарници поради несоодветен хемиски состав не можат да конкурираат на увезеното млеко и млечни производи не само од земјите на ЕУ, туку и од регионот на Западен Балкан.

Ø Субвенциониран трансфер на молзна стока од мали кон поголеми фарми ќе дојде до пренасочување на сите молзни крави во поголемите фарми, зголемена ефикасност и профитабилноста подобрување на квалитетот на млекото и намалување на огромните логистички и пред се транспортни трошоци на млекарниците.

Месната индустрија во земјата ја сочинуваат околу триесеттина современи производствени капацитети за преработка на месо и производство на сувомесни производи, кои во потполност можат да ја задоволат побарувачката на домашниот пазар. Еден од основните проблеми со кои се соочува месната индустрија е недостатокот на суровини за преработка. Производството на свинско месо е недоволно за да ги задоволи потребите на пазарот за свежо месо, поради што домашните производители се принудени да увезуваат свежо и замрзнато свинско месо за преработмесо како суровина при што се изложени на високи царински давачки. Од друга страна, постои бесцарински увоз на готов производ од страна на земји со кои се склучени билатерални договори како што се Србија и Црна Гора, Хрватска и БиХ, од кои во земјава влегува 1.900 тони готов производ секоја година без царина. Со тоа, домашните производители се ставени во нерамноправна положба, па наместо македонските производители да станат извозници, се борат за задржување на домашниот пазар.

Одлуката на Владата за безцарински увоз на свинско замрзнато месо како инпут за домашната месопреработувачка индустрија ги даде првите позитивни резултати веднаш со воведувањето. Имено, иако реалните економски ефекти на одлуката донесена во јуни, 2018, започна во четвртиот квартал на 2018, позитивните резултати се повеќе од задоволителни. Со вакво темпо се очекува месната индустрија повторно да стане нето извозник и да остварува забележителен девизен прилив. Исто така, економските ефекти од воведената автономна мерка од страна на Владата претставува дополнително оправдување за барањето на домашните преработувачи на месо и преработки од месо истата да се преточи во постојано законско решение за потребите на месната индустрија.

-МЕЛНИЧКАТА ИНДУСТРИЈА И ВИНАРСТВОТО ДИРЕКТНО ВЛИЈААТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ПРОИЗВОДСТВО

Винската индустрија преставува важна стратешка индустриска гранка во земјата и заедно со лозарството придонесува со 17%-20% од Бруто домашниот производ во агросекторот. Индустријата вкупно откупува од 250 до 300 илјади тони грозје годишно во зависност од бербата и произведува од 95 до 120 милини литри вино годишно, со што индустријата директно влијае и на развојот на земјоделското производтсво Со годишен извоз од 50 милиони евра значајно придонесува во остварувањето на егзистенцијата на околу 30.000 инивидуални зејоделски стопанства, 12.000 сезонски работници и повеќе од 2.500 редовно вработени лица во 72 регистрирани винарски визби.

Во последните двасет години македонското винопроизводство се трансформираше од сектор со недостаток на инвестиции во лозови насади, застарена опрема за правење на вино, стареење на лозовите насади во модерен, извозно ориентиран сектор, со приватизирани државни лозови насади, нови интернационални квалитетни сорти на грозје, софистицирана опрема и зголемен извоз. Новите сопственици на поранешните државни винарски визби инвестираат во надградба на опремата, реконструкција на винарски визби и развој и едукација на човечки ресурси.

За подобрување на состојбите во секторот и зголемување на пласманот, потребна е итна интервенција во следните делови:

Ø ревизија на начинот на субвениционирање на лозарството и да се воведе начин на субевнционирање кое ќе води кон подобрување на квалитетот на грозјето а со тоа и на виното,

Ø окрупнување на индивидуланото производтсво на грозје и поттикнување на создавање кооперативи

Ø воведување страндарди на национално ниво за лозарство и винарство

Ø итни измени во Законот за виното во насока на донесување на регулатива за овозможување на регистрација на географски ознаки за вино според Европската регулатива

Ø определување стратешки буџети за интернационална промоција на флаширано вино со која ќе се овозможи поширок опсег на финансирање

Ø користење модерните техники и приспособување на производството кон пазарот и кон барањата на винарниците од страна на домашните лозари

Житата се основна храна на најголем дел од свестската популација. Најважни се, односно најголем дел за исхрана на населението на светско ниво се оризот и пченицата. Во РС Македонија се произведуваат шест вида жита но од најголемо значење се пченицата и оризот како човечка храна, додека останатите се користат главно како добиточна храна. Ваквиот систем на поделба се помалку се користи во праксата, бидејќи денес како специјално лебно брашно се користат оние како додатоци или во целост од брашното од рж, јачмен и пченка.

Нашата земја е нето увозник на жито, односно не ги задоволува домашните потреби ниту со “лебно” жито ниту со други видови користени за добиточна храна. Оттука, особено важно за нас е да се искористат до максимум условите за зголемување на производството особено на пченицата, која има најголемо учество во вкупната продукција на жита, а за која даваме високи средства за увоз. Нејзиното производство е релативно нестабилно изминатите години и е резултат на нестандардна, стара технологија, а бидејќи приносите се под 4 тона по ха е показател за лошите сорти кои се користат за семенски материјали.

Зголемување на продукцијата на жита може да се оствари ако се активира погодниот за жита дел на необработени ораници, како и да се воведуваат нови технологии и сорти за повисок принос. Истовремено, потребно е државата треба да направи повеќегодишна стратегија за развој на овој сектор која ќе се базира на воведување нови, квалитетни сорти, зголемување на приносите по хектар, субвенционирање според класи произведена и предадена пченица на домашните мелничари за да можат истите да бидат конкурентни, со што индиректно ќе се заштитат и домашните земјоделци.

Во делот на стратегијата потребно е да влезат и следните мерки:

Ø Да изнајде начин за дополнително субвенционирање на домашните земјоделци или производителите на пченица по предаден килограм пченица кај лиценциран откупувач по класи на квалитет. Со тоа нашата пченица би имала конкурента цена во опкружувањето, а исто така и мелниците конкурентно брашно

Ø Целосно спроведување на котрола на пуштање во промет на брашното од увоз

Ø Придржување кон постоечкиот Правилник за квалитет на брашното при увоз, односно да не се пушта увозно брашно во промет се додека АХВ не даде дозвола по добивање на Анализите за квалитет од Акредитирана Лабораторија.

 

4.НАДВОРЕШНО-ТРГОВСКА РАЗМЕНА

Во 2020 година извозот на земјоделско прехранбени производи бележи раст од 15% - извезовме производи во вредност од 620 милиони САД& наспроти 540 милиони САД во 2016 година. Увозот во 2020 година од 830 милиони САД$ е зголемен за 20% во однос на 2016 година.

Дефицитот во надворешно-трговската размена кај агроинустрискиот сектор главно произлегува од трговскиот дефицит кај производите за храна, а се ублажува со суфицитот кај пијалаците и тутунот.

Согласно наведеното, и покрај расположивиот неискористен потенцијал на обработливо земјоделско земјиште и пасишта, сепак земјата е нето-увозник на земјоделски и прехранбени производи, што се согледува од наведената разлика меѓу увозот и извозот по количини во 2020 година.

Извоз и увоз во 2020 година / во килограми

 

извоз

увоз

Живи животни, освен животни од отсек 03

702.778

1.031.369

Месо и преработки од месо

8.100.568

73.379.505

Млечни производи и јајца

12.578.680

65.951.315

Риби и преработки од риби

1.583.649

9.086.136

Жита и преработки од жита

72.212.081

245.856.541

Овошје и зеленчук

320.489.165

144.345.697

Шеќер, преработки од шеќер и мед

3.604.204

98.034.393

Кафе, чај, какао, зачини и производо од истите

6.677.581

22.980.648

Добиточна храна (освен жита во зрна)

14.208.990

109.881.125

Разни производи за исхрана и преработки

12.444.060

30.165.059

Пијалаци

114.861.309

79.261.805

Тутун и производи од тутун

23.207.354

3.808.760

Нето-извозници сме само кај овошјето, зеленчукот, пијалаците и тутунот, додека кај сите други производи сме нето-увозници.

Ефектите од системската поддршка упатуваат на тоа дека доколку земјоделскиот сектор ја немаше буџетската поддршка, резултатите ќе беа многу понеповолни од прикажаните. Со нивна помош производството се задржа на прикажаното ниво. Едноставно, субвенциите покрија дел од неповолниот ценовен диспаритет во оваа дејност. На една страна е ценовниот притисок од конкурентно ниски цени и од далеку повисоко субвенционираното земјоделско производство во земјите конкуренти, наспроти порастот на цените на индустриските производи, односно цените на суровините и репроматеријалите во производниот процес.

Сепак, расположивите средства за буџетска поддршка на земјоделството, налага соодветни решенија во сите клучни сегменти на агроекономијата, со цел брзо преструктуирање и прилагодување кон глобалните процеси, односно потреба од системски решенија кои треба да стимулираат конкретни активности во производството, квалитетот и квантитетот, со што ќе се обезбеди повисок степен на конкурентност на либерализираниот пазар.

Васко Ристовски
самостоен советник во Стопанска комора на Северна Македонија