НАГРАДИ И ДРУГИ ПРИЗНАНИЈА ЗА КОМПАНИИ ЧЛЕНКИ ЗА 2020 ГОДИНА М-Р ЃОКО ТАНАСОСКИ – СПЕЦИЈАЛНО ПРИЗНАНИЕ ЗА ПОСЕБЕН ПРИДОНЕС ВО УНАПРЕДУВАЊЕТО НА СОРАБОТКАТА
➢ Актуелно (08.03.2021)
👁 Прочитано: 566




М-Р ЃОКО ТАНАСОСКИ – СПЕЦИЈАЛНО ПРИЗНАНИЕ ЗА ПОСЕБЕН ПРИДОНЕС ВО УНАПРЕДУВАЊЕТО НА СОРАБОТКАТА

Стопанската комора на Северна Македонија на својот веб-сајт ги претставува компаниите и лицата на кои, со одлука на Управниот одбор, им додели награди и специјални признанија за 2020 година, по повод одбележувањето на 99-годишнината од коморското организирање во земјава. М-Р ЃОКО ТАНАСОСКИ е добитник на СПЕЦИЈАЛНО ПРИЗНАНИЕ ЗА ПОСЕБЕН ПРИДОНЕС ВО УНАПРЕДУВАЊЕТО НА СОРАБОТКАТА.

Како директор на Царинската управа, во изминатата година, но и за време на сиот свој мандат на оваа позиција, воспостави одлична соработка со Стопанската комора на Северна Македонија.

Плод на успешната соработка беше:

-    олеснетиот проток на стоки;
-    забрзаното спроведување на царинските постапки, со надградба на објектите за царинење на граничниот премин за патен промет „Табановце“ и опремување на царинската лабораторија;
-    новата можност за 24-часовен слободен коридор за приоритетно движење на жива стока и на стока во свежа состојба при излез на граничните премини „Табановце“ и „Богородица“, со цел избегнување подолги задржувања на патници и на стока;
-    големиот број одржани работилници со компаниите – економски оператори и
-    редовните средби, како на пример „Отворен ден“ за разгледување и за превентивно дејствување на евентуални проблеми.

Реализирани проектни активности

-    Целосна дигитализација на царинското работење и воведување на системот за обработка на царински декларации и на акцизни документи (СОЦДАД)
-    Воведена електронска царинска декларација за сите царински постапки во увозот и во извозот
-    Електронско поднесување и обработка на акцизни документи, со што се намалуваат трошоци за трговските трансакции
-    Намалување на царинските стапки и воведување автономни мерки за намалување или за укинување на царинските давачки во преработувачката индустрија, со цел олеснување на условите за функционирање на компаниите во државата во услови на пандемија и зголемување на нивната конкурентност.

Служба за информирање при Комората