НАГРАДИ И ДРУГИ ПРИЗНАНИЈА ЗА КОМПАНИИ ЧЛЕНКИ ЗА 2020 ГОДИНА ФОНД ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ (ФИТР) – НАГРАДА ЗА УСПЕШНА СОРАБОТКА ПРИ ЗАЕДНИЧКА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТИ
➢ Актуелно (05.03.2021)
👁 Прочитано: 800




ФОНД ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ (ФИТР) – НАГРАДА ЗА УСПЕШНА СОРАБОТКА ПРИ ЗАЕДНИЧКА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТИ

Стопанската комора на Северна Македонија на својот веб-сајт ги претставува компаниите и лицата на кои, со одлука на Управниот одбор, им додели награди и специјални признанија за 2020 година, по повод одбележувањето на 99-годишнината од коморското организирање во земјава. ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ (ФИТР) е добитник на НАГРАДАТА ЗА УСПЕШНА СОРАБОТКА ПРИ ЗАЕДНИЧКА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТИ

Стопанската комора на Северна Македонија како координатор го спроведува проектот ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ИЗВОЗНАТА КОНКУРЕНТНОСТ НА МЕТАЛОПРЕРАБОТУВАЧКИОТ, ЕЛЕКТРО- НА МАШИНСКИОТ СЕКТОР, ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДНИТЕ И НА ТЕХНОЛОШКИТЕ СПОСОБНОСТИ НА ИЗВОЗНО ОРИЕНТИРАНИТЕ МСП, со поддршка на ФИТР.

„Раде Кончар“ ТЕП, „Братство“ Охрид, „Агробар“ Виница и ТМ „Штип“, преку поддршка во изготвувањето на дијагностички и на инвестициски планови, со свое сопствено кофинансирање и со финансии обезбедени преку проектот од ФИТР, реализираат набавка на опрема и на машини во вредност од 1,4 милиони евра.

Набавката ја зголемува извозната конкурентност на компаниите и овозможува создавање поквалитетни производи со додадена вредност, производи кои се барани на европските пазари и пошироко и производи кои ги задоволуваат бараните стандарди не само од технички аспект туку и од аспект на задоволување на еколошките стандарди.

Служба за информирање при Комората