НАГРАДИ И ДРУГИ ПРИЗНАНИЈА ЗА КОМПАНИИ ЧЛЕНКИ ЗА 2020 ГОДИНА „ХАЛКБАНКА“ АД – СПЕЦИЈАЛНО ПРИЗНАНИЕ ЗА КОМПАНИЈАТА СО НАЈГОЛЕМ БРОЈ УЧЕСНИЦИ НА ЕДУКАТИВНИТЕ НАСТАНИ ВО СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ВО 2020 ГОДИНА
➢ Актуелно (04.03.2021)
👁 Прочитано: 741




„ХАЛКБАНКА“ АД – СПЕЦИЈАЛНО ПРИЗНАНИЕ ЗА КОМПАНИЈАТА СО НАЈГОЛЕМ БРОЈ УЧЕСНИЦИ НА ЕДУКАТИВНИТЕ НАСТАНИ ВО СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ВО 2020 ГОДИНА

Стопанската комора на Северна Македонија на својот веб-сајт ги претставува компаниите и лицата на кои, со одлука на Управниот одбор, им додели награди и специјални признанија за 2020 година, по повод одбележувањето на 99-годишнината од коморското организирање во земјава. „ХАЛКБАНКА“ АД Скопје е добитник на СПЕЦИЈАЛНО ПРИЗНАНИЕ ЗА КОМПАНИЈА СО НАЈГОЛЕМ БРОЈ УЧЕСНИЦИ НА ЕДУКАТИВНИТЕ НАСТАНИ ВО СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ВО 2020 ГОДИНА.

Во 2020 година компанијата учествувала на 8 обуки организирани од Центарот за едукација, со вкупно 26 учесници.

Како најбрзорастечка банка на пазарот, денес значи и:
-    четврта најголема банка на пазарот според активата;
-    четврта банка според големината на профитот;
-    присутност насекаде во земјава, со 43 филијали, 133 банкомати и со над 7.500 посттерминали;
-    вработува над 630 вработени;
-    општествено одговорна компанија, посветена на зголемување на општото добро за луѓето, природата, за средината, културата и за спортот и
-    лидери во понудата на персонализирани банкарски услуги, како и во воведувањето нови технологии.

 

Служба за информирање при Комората