ГРАНТ ОД 150.000 ДО 600.000 ЕВРА ЗА ПРОЕКТИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА СТРУЧНОТО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА ПРЕКУ РЕГИОНАЛНИОТ ФОНД ЗА ПРЕДИЗВИЦИ
➢ Актуелно (26.02.2021)
👁 Прочитано: 634




ГРАНТ ОД 150.000 ДО 600.000 ЕВРА ЗА ПРОЕКТИ  ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА СТРУЧНОТО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА ПРЕКУ РЕГИОНАЛНИОТ ФОНД ЗА ПРЕДИЗВИЦИ

Регионалниот фонд за предизвици, претставува уникатен инструмент за финансирање на инвестиции во опрема, машини и технологија, реконструкција на работилници и лаборатории, како и обуки на наставници и ментори од компаниите за техничко технолошките процеси.

Дизајниран е да го зголеми квалитетот на средното стручно образование и да го усогласи со потребите на пазарите на труд, а со цел да ја зголеми вработливоста на завршените ученици со стручно образование, и да ја засили продуктивноста и конкурентноста на компаниите.

Фондот е основан од страна на Германското сојузно министерство за економска соработка и развој, делегиран на Германсата банка за развој, а се реализира преку Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан (ЗБ6-КИФ) во кој е членка и Стопанската комора на Македонија.

На Фондот му се одобрени 20 милони евра за земјите од Западен Балкан, а само за нашата земја се определи средства во висина од 2,5 милиони евра за проекти за унапредување на стручното образование. Повеќе за можностите за користење на овој фонд ќе дознаете од гостувањето на м-р Наташа Јаневска на ТВ СИТЕЛ.
Информации за Фодот можат да се добија на следниот линк: RCF-Use-of-funds-and-Eligibility-criteria_30012021.pdf (rcf-wb6.org)

Служба за информирање при Комората