ВО КИЧЕВО ОДРЖАНА СРЕДБА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА СРЕДНОТО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ СО МИНИСТЕРКАТА ЦАРОВСКА И БИЗНИС СЕКТОРОТ - УЧИ ПАМЕТНО РАБОТИ СТРУЧНО
➢ Актуелно (26.02.2021)
👁 Прочитано: 614




ВО КИЧЕВО ОДРЖАНА СРЕДБА  ЗА  УНАПРЕДУВАЊЕ НА СРЕДНОТО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ СО  МИНИСТЕРКАТА  ЦАРОВСКА И БИЗНИС СЕКТОРОТ -  УЧИ ПАМЕТНО РАБОТИ СТРУЧНО

Министерството за образование и наука денес во Кичево организираше средба за унапредување на средното стручно образование каде присуствува Министерката за образование и наука Мила Царовска, заменик министерот за образование и наука Арафат Шабани, градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари, директори од средни стручни училишта, претставници на меѓународни организации и институции и компаниите од регионот.

Министерката Царовска ја презентираше анализа за постојните профили кои ги нудат училиштата, нивната усогласеност со потребите на компаниите и подготвеноста за соработка на компаниите со средните стручни училишта на локално ниво конкретно за градовите Кичево Македонски брод.

Приближувањето на образованието и реалниот сектор преку заеднички дијалог може да понуди решенија, кои ќе придонесат образовните институции да креираат уписна политика согласно барањата на реалниот сектор и потребите на локалната средина, каде и компаниите ќе учествуваат со реализација на квалитетна практична обука за учениците. Само на таков начин ќе се овозможи да се постигне целта на стручното образование - обезбедување на компетентен и стручен кадар за компаниите, истакна Претседателот на Регионалната комора во Кичево Соколоски.

Градоначаникот Дехари го поздрави заедничкиот дијалогот и најави поголема подржка за зајакнување на соработката на средните училишта со компаните и учениците со цел поконкуретна економија на локално ниво.

Компаниите ги потенцираа своите потреби од недостатоци на кадар и дискутира за можностите со кои може да се присонесе за да се има квалификуван стручен кадар и изразија интерес за вклучивање во дуалното образование..

Стопанската комора на Македонија. во овај процес ги сертифицира менторите, односно вработени лица од компаниите, како ги водат учениците низ процесот на практичната обука во нивната компанија, и врши верификација на компаниите кои се подготвени за реализација на практичната обука за соодветната квалификација.

Овој процес е поддржан од Амбасадата на Швајцарија во Република Северна Македонија и проектот „Образование за вработување“. Дијана Лазороска Јованоска Регионална комора Кичево

Служба за информирање при Комората