Макстил инвестира во намалување на емисиите на прашина во воздухот и во безбедноста при работа во екот на кризната година
➢ Актуелно (25.02.2021)
👁 Прочитано: 490




Макстил инвестира во намалување на емисиите на прашина во воздухот и во безбедноста при работа во екот на кризната година

Компанијата „Макстил“ АД Скопје, контунуирано инвестира во напредни технологии со кои се намалуваат емисиите на прашина во воздухот. на работна средба со министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини информираше за тековните процеси во компанијата, постигнатите подобрувања на производните резултати од досегашните инвестиции како и компаниската стратегија во однос на следните вложувања во модернизација на производните процеси.

Компанијата во изминатите години вложи значителни средства во автоматизирање на технолошкиот процес за контрола на производството. Со тоа, максималното намалување на емисиите на прашина во воздухот го постави како свој приоритет.

„Инвестициите што ги вложувавме во изминатите години вклучувајќи ја и последната, кои се заокружуваат на 17 милиони евра, веќе даваат резултати во однос на зголемување на безбедноста при работа со штово континуитет се подобруваатработните услови. Но, исто така тие имаат влијание и врз зголемувањето на производниот капацитет, што позитивно се рефлектираше врз економските показатели на земјата, притоа едновремено носејќи се со сите предизвици што ги наметна глобалната криза во текот на изминатата година. Во периодот кој ни претстои очекуваме зголемување на позитивните ефекти од инвестициите, а планираме и во наредниот период овие инвестиции да продолжат“, посочува Иван Бановски, генерален директор на „Макстил“.

„Макстил“ е компанија што придонесува во одржувањето на економската активност во државата со просечна годишна вредност на извозот од околу 70 милиони евра, односно учество во вкупниот извоз на земјата со 2,5 отсто, учество во вкупната бруто додадена вредност во економијата на земјата, во нормална година со 0,3 отсто додека во рамките на преработувачката индустрија, рударството и енергетика учествува со 1,2 отсто. Показатели кои повеќекратно се мултиплицираат преку поврзаните индустрии на влезната и излезната страна. Моментално компанијата вработува 1.000 лица, и е една најактивните општествено одговорни компании со редовни донации во различни сектори.

Служба за информирање при Комората