НАГРАДИ И ДРУГИ ПРИЗНАНИЈА ЗА КОМПАНИИ ЧЛЕНКИ ЗА 2020 ГОДИНА „БРАКО“ ДОО Велес – НАГРАДА ЗА КОМПАНИЈАТА КОЈА ВОВЕДЕ ИНОВАТИВЕН ПРОИЗВОД И КОЈА БЕЛЕЖИ КОНТИНУИРАН РАСТ И РАЗВОЈ ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА
➢ Актуелно (25.02.2021)
👁 Прочитано: 607




„БРАКО“ ДОО Велес – НАГРАДА ЗА КОМПАНИЈАТА КОЈА ВОВЕДЕ ИНОВАТИВЕН ПРОИЗВОД И КОЈА БЕЛЕЖИ КОНТИНУИРАН РАСТ И РАЗВОЈ ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА

Стопанската комора на Македонија на својот веб-сајт ги претставува компаниите и лицата на кои, со одлука на Управниот одбор, им додели награди и специјални признанија за 2020 година, по повод одбележувањето на 99-годишнината од коморското организирање во земјава. „БРАКО“ ДОО Велес е добитник на НАГРАДАТА ЗА КОМПАНИЈА КОЈА ВОВЕЛА ИНОВАТИВЕН ПРОИЗВОД И КОЈА БЕЛЕЖИ КОНТИНУИРАН РАСТ И РАЗВОЈ ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА.

ИНОВАЦИЈА

Под брендот „Green Machines“ ја произведе првата еколошка машина за одржување хигиена во урбани средини во Европа GM 500H2, која работи на хидроген (водород).
Петнаесет инженери од земјава, во соработка со свои колеги од Холандија, направија еколошко возило за чистење, кое испушта вода, а не издувни гасови, кои ја загадуваат животната средина.

ФАКТИ

-    Холандските градови Амстердам, Утрехт и Ротердам први кои ќе ги користат возилата
-    Интерес за новата машина за одржување хигиена во урбани средини има и од САД, Велика Британија, Јапонија и од скандинавските земји
-    Машината GM 500H2 претставува револуционерно решение и целосно се произведува во Велес
-    600 вработени
-    Произведува над 1.500 тони жични производи месечно
-    Дел од производната програма се и медицинската опрема и брзите градби со контејнерски решенија
-    Меѓу најголемите извозници во државава, со 95 % извоз од вкупното производство, наменето за над 30 земји
-    Во време на криза и на најтешки логистичко-технолошки услови за работа, компанијата го задржа производството и го зголеми бројот на вработени.

ИНВЕСТИЦИИ

Осум милиони евра вложувања во:
-    напредна технологија за управувачките машини CNC;
-    нов погон за целосно еколошко поцинкување и во
-    нова опрема за лин-производство.

 

Служба за информирање при Комората