Стопанската комора на Македонија на својот веб-сајт ги претставува компаниите и личностите на кои, со одлука на Управниот одбор, им додели награди и специјални признанија за 2020 година, по повод одбележувањето на 99-годишнината од коморското организирање во земјава. Драги Милошевски, генерален директор на АД „Киро Дандаро“ Битола е добитник на НАГРАДА ЗА ДОЛГОГОДИШНАТА КОМОРСКА АКТИВНОСТ.
Драги Милошевски, генерален директор на АД „Киро Дандаро“ Битола, е активeн на полето на:
- унапредувањето на дејноста на графичката индустрија;
- подобрувањето на состојбите во економијата преку континуираниот ангажман во Стопанската комора на Македонија во неколку мандатни периоди;
- формирањето на регионалната Комора со седиште во Битола пред 23 години, а 3 год. е заменик-претседател на РК „Битола“.
ФАКТИ
- 35 години прв човек на реномираната печатница
- Прв добитник на сертификатот Excellent SME МACEDONIA од Стопанската комора на Македонија пред 8 години
- 150 вработени
- Над 60 % од производството наменето за извоз
- Соработува речиси со сите големи компании од Р Северна Македонија
ИНВЕСТИЦИИ
За да обезбеди висок квалитет, компанијата инвестира во машини со најнова технологија:
- 2,5 милиони евра инвестира во машини со најнова технологија и
- 2 милиони евра планирана инвестиција во 2021 година.