НАГРАДИ И ДРУГИ ПРИЗНАНИЈА ЗА КОМПАНИИ ЧЛЕНКИ ЗА 2020 ГОДИНА ГОЦЕ КАМЧЕВ, ОСНОВАЧ И СОПСТВЕНИК НА КОМПАНИЈАТА „КАМ“ И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА „КАМ ХОЛДИНГ“ – НАГРАДА ЗА ДОЛГОГОДИШНАТА КОМОРСКА АКТИВНОСТ
➢ Актуелно (23.02.2021)
👁 Прочитано: 731




ГОЦЕ КАМЧЕВ, ОСНОВАЧ И СОПСТВЕНИК НА КОМПАНИЈАТА „КАМ“ И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА „КАМ ХОЛДИНГ“ – НАГРАДА ЗА ДОЛГОГОДИШНАТА КОМОРСКА АКТИВНОСТ

Стопанската комора на Македонија на својот веб-сајт ќе ги претставува компаниите и личностите на кои, со одлука на Управниот одбор, им додели награди и специјални признанија за 2020 година, по повод одбележувањето на 99-годишнината од коморското организирање во земјава. Основачот и сопственик на компанијата „Кам“ и претседател на „Кам холдинг“, Гоце Камчев, доби НАГРАДА ЗА ДОЛГОГОДИШНАТА КОМОРСКА АКТИВНОСТ

Член е на Советот на Комората и долги години е активен во Здружението за трговија.

Иницијатор е на предлози за системски прашања значајни за економскиот раст и развој на земјава, поврзани со:

-    законското нормирање на холдингот;
-    воведувањето стопански фондации;
-    даночниот третман на кусоците во трговијата на мало и сл.


ФАКТИ

-    Мрежа од 74 маркети во земјава
-    1.120 вработени
-    Присутен на Косово со 18 и во Бугарија со 16 маркети

ИНВЕСТИЦИИ

-    16 милиони евра во нов логистички центар на околу 16.000 м2, за порационално работење и за посвежа и поквалитетна храна
-    35 милиони евра за два трговски центри во Скопје, еден во Битола и еден во Кочани и за 5 најсовремени маркети

ПРИЗНАНИЈА

Добитник е на повеќе признанија, меѓу кои и за:
-    врвен квалитет, потврден од потрошувачите – QUDAL;  
-    најдобар сооднос цена-квалитет – признание Best Buy според истражувањето спроведено од швајцарската агенција ICERTIAS;
-    топ 3 маркети според потрошувачите во Македонија за 2018, 2019 и за 2020 – INSIDER ID.  

 

Служба за информирање при Комората