ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИ И ДРУГИ ПРИЗНАНИЈА ЗА КОМПАНИИ ЧЛЕНКИ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ЗА 2020 ГОДИНА
👁 Прочитано: 1993




ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИ И ДРУГИ ПРИЗНАНИЈА ЗА КОМПАНИИ ЧЛЕНКИ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ЗА 2020 ГОДИНА

По повод одбележувањето на 99-годишнината од Стопанската комора на Македонија, традиционално доделивме награди и други признанија за 2020 година за компании членки, во согласност со одлуката што ја усвои Управниот одбор на Комората. Со цел почитување на мерките за спречување на пандемијата, кои сѐ уште се во сила, наградите и другите признанија ги доделивме во компаниите на добитниците.

 

 

Награди и признанија добија следните субјекти:

-    „АЛКАЛОИД“ АД Скопје – СПЕЦИЈАЛНО ПРИЗНАНИЕ  ЗА КОМПАНИЈАТА ЗА ДОЛГОГОДИШНАТА УСПЕШНА РАБОТА, НОВИТЕ ИНВЕСТИЦИИ, ЗГОЛЕМЕНИТЕ ВРАБОТУВАЊА И ЗА ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ

 

-    Гоце Камчев, основач и сопственик на компанијата „КАМ“ и претседател на „КАМ холдинг“ – НАГРАДА ЗА ДОЛГОГОДИШНА КОМОРСКА АКТИВНОСТ

-    Драги Милошевски, генерален директор на АД „Киро Дандаро“ Битола – НАГРАДА ЗА ДОЛГОГОДИШНА КОМОРСКА АКТИВНОСТ


-    „БРАКО“ ДОО Велес – НАГРАДА ЗА КОМПАНИЈАТА КОЈА ВОВЕДЕ ИНОВАТИВЕН ПРОИЗВОД И КОЈА БЕЛЕЖИ КОНТИНУИРАН РАСТ И РАЗВОЈ ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА

 

-    „КОМФИ АНГЕЛ“ ДОО Прилеп – НАГРАДА ЗА КОМПАНИЈАТА КОЈА ЕФИКАСНО ГО ПРИСПОСОБИ ПРОИЗВОДСТВОТО ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА

 

-    КРИЗЕН ШТАБ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА – СПЕЦИЈАЛНО ПРИЗНАНИЕ ЗА УСПЕШНО СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИТЕ ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА КОМПАНИИТЕ

 

-    „ВЕЗЕШАРИ“ ДОО, с. Требош, Тетово – НАГРАДА ЗА УСПЕШНАТА КОМПАНИЈА, КОЈА РЕАЛИЗИРА ПОВЕЌЕГОДИШНИ ИНВЕСТИЦИИ, КОИ ПРИДОНЕСУВААТ ЗА РАЗВОЈ НА ПЛАНСКИОТ РЕГИОН

 

-    „ХАЛКБАНКА“ АД Скопје – СПЕЦИЈАЛНО ПРИЗНАНИЕ ЗА КОМПАНИЈАТА СО НАЈГОЛЕМ БРОЈ УЧЕСНИЦИ НА ЕДУКАТИВНИТЕ НАСТАНИ ВО СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ВО 2020 ГОДИНА

 


-    ФОНД ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ – НАГРАДА ЗА УСПЕШНА СОРАБОТКА ПРИ ЗАЕДНИЧКА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТИ

 
-    М-Р ЃОКО ТАНАСОСКИ – СПЕЦИЈАЛНО ПРИЗНАНИЕ ЗА ОСОБЕН ПРИДОНЕС ВО УНАПРЕДУВАЊЕТО НА МЕЃУСЕБНАТА СОРАБОТКА

 
Служба за информирање при Комората