Организираме "in-house" семинари за потребите на нашите членки
➢ Актуелно (16.02.2021)
👁 Прочитано: 244



Одржана „онлајн“ интерна обука за вработените на Халк Осигурување АД Скопје во организација на Стопанската комора на Македонија на тема: „Закон за заштита на личните податоци“ („Службен весник на РСМ“, бр. 42/2020)
Организираме "in-house" семинари за потребите на нашите членки

Согласно програмата на активностости на Центарот за едукација и развој на човечки ресурси при Стопанската комора на Македонија нудиме можност сите отворени обуки, курсеви и модули да ги приспособи на потребите на клиентот во in-house (затворени/интерни обуки), се` со цел учесниците од иста компанија да  добијат знаење и информации кои ќе бидат соодветни на нивната дејност и работење.
Нашите обучувачи од Центарот за едукација се практичари или консултанти кои директно се инволвирани во соодветната област и се запознати со реалните проблеми на клиентите. Просечната оценка за тренерите е 4,8 (на скала од 1 до 5).
Обуките вклучуваат најнови методи на учење со практична примена на студии на случај, со чија примена учесниците, односно вработените можат да ги подобрат резултатите во работењето.
На барање Халк Осигурување АД Скопје, Центарот за едукација и развој на човечки ресурси при Стопанската комора на Македонија изготви програма за интерна „онлајн“ обука што се одржи на 16.2.2021 (вторник) на тема: „Заштита на лични податоци“.


На обуката учесниците се стекнаа со знаење за тоа како да се подготват за усогласување со Законот, како и на кој начин да го одржуваат системот за заштита на личните податоци, кои се и какви се обврските и одговорностите на компаниите што произлегуваат од овој Закон и подзаконските акти, како до нивна наједноставна примена со примери од пракса, но и кои се најголемите предизвици поврзани со неговата имплементација. Истовремено, беше направена компарација со Европската регулатива (GDPR) и беа посочени и обврските од неа којашто со својата екстериторијалност може да биде применлива и за македонските компании коишто обработуваат лични податоци на граѓани во Европската унија.
Во насока на суштинско разбирање на Законот за заштита на лични податоци на „онлајн“ семинарот беа дадени одговори на најчесто поставуваните прашања кои на учесниците во иднина ќе им помогнат за квалитетно извршување на своите работни задачи  и обврски поврзани и тоа:
-Начела за обработка на личните податоци
-Законитост на обработката
-Права на субјектите на личните податоци
-Транспарентност
-Контролор и обработувач
-Безбедност на личните податоци
-Пренос на личните податоци
-Специфични обработки
-Прекршочни одредби
Предавачи на семинарот беа: Јана Дамевска Атанасова, CDPO, ISO27001 Lead Auditor, консултант за информациска сигурност во „Инфиго ИС“ и Емилија Ангеловска, CIPP/E, CDPO, ISO27001 Lead Auditor, консултант за заштита на лични податоци во „Инфиго ИС“.

 
М-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
советник во Стопанска комора на Македонија