СТИМУЛИРАЊЕ НА ДОМАШНАТА ПОТРОШУВАЧКА ЗА ОПСТОЈУВАЊЕ НА ДОМАШНАТА ПРЕХРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА
➢ Актуелно (01.02.2021)
👁 Прочитано: 337




СТИМУЛИРАЊЕ НА ДОМАШНАТА ПОТРОШУВАЧКА ЗА ОПСТОЈУВАЊЕ НА ДОМАШНАТА ПРЕХРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА

Домашните производители и преработувачи од агросекторот, членки на Стопанската комора на Македонија, пред се изразуваат силна благодарност до Владата на РСМ која го донесе петтиот сет на мерки за помош на домашната економија во услови на криза предизвикана од ковид 19-беше истакнато на денешната прес конференција во Стопанската комора на Македонија.

Претставниците на месната индустрија и фармерите - производители на свинско месо, како дел од прехрамбената индустрија, укажуваме дека првите мерки иако помали, беа подобри и поефикасни, им помогнаа далеку повеќе на домашните компании, пред се за зголемување на домашната потрошувачка како резултат на правилното насочување на населението кон потрошувачка на домашните производи. За ралика од претходната-четвртата мерка, која беше како продолжување на постоечките, воопшто не даде резултати и покрај потрошените значителни средства

Домашната економија не почувствува подобрување туку напротив, се потешко опстојува. Сметаме дека ако прехранбената индустрија остане здрава и организирана, ке има повеќекратни позитивни ефекти за домашните потрошувачи, за вработените во оваа индустрија како и примарните производители во делот на фармерското и земјоделско производство. Прехранбената индустрија во тој случај ќе може да помогне така што дел од проблемите самостојно ќе ги решава и воедно да и помогне на Владата да не доаѓа во ситуации да решава поединечни случаи на незадоволни производители кои решенијата ги бараат со штрајкови.

Во моментот домашното фармерско производство на свинско месо – веројатно единствената гранка во примарното производство која бележи континуирани резултати, како резултат на намалената потрошувачка и куповна моќ на граѓаните, се соочува со пазарен вишок.

Во тек е решавање на вишокот на свинско месо од домашното фармерско производство во соработка на месната индустрија и фармерите – производители на свинско месо. При тоа, домашните преработувачи на месо, како што имаше случаи и во минатото, прават напор да го откупат во целост вишокот. Се работи за околу 2000 товеници, односно 1-2% годишно производство. Доколку не се откупи вишокот, производителите на свинско месо ќе бидат принудени да ја намалат цената на пазарот и под производната цена што пак ќе доведе до нарушување и дизбаланс на пазарот а последиците ќе ги почуствуваат сите - од производителите на зрнести култури и сточна храна до преработувачите на месо и самите граѓани.

Но за да може и во иднина да се откупува во целост домашното производство, ја повикуваме Владата да се насочи кон стимулирање на домашната потрошувачка од домашни производители преку пакет мерки – КУПУВАЈТЕ ДОМАШНО - издавајки картички, ваучери и слично со стриктна намена и цел да се потрошат исклучиво за домашни производи.

Имајки ги во предвид сосотојбите и во останатите земји, овој апел и предлог упатен до Владата сметаме дека е во согласност со мерките и активностите што сите останати земји ги превземаат и ги насочија пред се кон своите домашни производни субјекти и население – беше кажано на денешната прес конференција.

Васко Ристовски
самостоен советник во Стопанска комора на Македонија