„Макпетрол“ АД Скопје донираше таблети за ученици во основни училишта
➢ Актуелно (25.01.2021)
👁 Прочитано: 183




„Макпетрол“ АД Скопје донираше таблети за ученици во основни училишта

„Макпетрол“ АД Скопје, набави и донираше 1000 таблети, во вредност од над шест милиони денари, наменети за учениците во 20 основни училишта низ државата. Распределбата на донацијата е извршена во соработка со Министерството за образование и наука, со цел да стигне до оние на кои им е најпотребна.

Во период кога учениците и нивните семејства соочувајќи се со предизвиците кои ги наметна пандемијата, мораа да се прилагодат на дигиталниот начин на образование, од компанијата се одлучија да го олеснат тој процес на транзиција, свесни дека нашите најмлади, кај кои е клучот за подобра иднина, заслужуваат да бидат во чекор со модерниот свет, а на нас, возрасните, ни е задача тоа да им го овозможиме.

Оттаму изразуваат уверување дека вложувањето во образованието како еден од најважните столбови на една држава е од големо значење.

„Макпетрол“ АД Скопје, долгогодишна членка на Стопанската комора на Македонија, ќе продолжи со својата заложба да вложува во општествено одговорни акции, бидејќи, како што велат од таму, веруваат дека големината на една успешна компанија е токму во несебичните постапки кои можат да го подобрат квалитетот на животот на нашите граѓани.

Васко Ристовски
самостоен советник во Стопанска комора на Северна Македонија