Со стапувањето во сила на Законот за заштита на личните податоци (Службен весник на РСМ, бр. 42/2020), започна периодот на транзиција на компаниите за да ги приспособат системите за заштита на личните податоци на новите правила и начела што ги поставува новиот закон.
Во досегашните системи за заштита на личните податоци централна улога во нивното поставување и одржување имаше офицерот за заштита на личните податоци. Со новиот закон улогата на офицерот значително се зацврстува, неговата функција добива независност, но и се поставуваат построги критериуми за тоа кој може да ја извршува оваа улога.
На оваа обука посетителите се стекнаа со знаење за тоа кои се разликите меѓу стариот и новиот закон во однос на офицерот за заштита на личните податоци; кои се новите критериуми за именување на офицер и кои се неговите/нејзините обврски и одговорности. На семинарот ќе има простор за дискусија за предизвиците и за засегнатите прашања.
На „онлајн“ семинарот беа обработени теми и дадени одговори кои на учесниците во иднина ќе им помогнат за квалитетно извршување на своите работни задачи и обврски поврзани и тоа:
- Вовед во законот за заштита на личните податоци
- Назначување офицер за заштита на личните податоци:
• ОЗЛП како законска обврска;
• еден озлп за повеќе контролори;
• експертиза и способности на ОЗЛП.
- Позицијата на офицерот за заштита на личните податоци:
• вклученоста на ОЗЛП во сите процеси;
• ресурси за работа;
• конфликт на интереси;
- Обврските на офицерот за заштита на личните податоци:
• следење на усогласеноста на контролорот;
• улогата на озлп при спроведувањето на ПВЗЛП;
- Соработката со агенцијата за заштита на личните податоци
Предавачи на семинарот беа: Емилија Ангеловска, CIPP/E, CDPO, ISO27001 Lead Auditor, консултант за заштита на лични податоци во „Инфиго ИС“ и Елена Кочова, консултант за заштита на лични податоци во „Инфиго ИС“.