Средба на претседателот Пендаровски со раководствата на компаниите учесници во програмата „Млади менаџери и бизнис-лидери“
➢ Актуелно (20.01.2021)
👁 Прочитано: 162




Средба на претседателот Пендаровски со раководствата на компаниите   учесници во програмата „Млади менаџери и бизнис-лидери“

Во рамки на имплементација на проектот на Советот на странски инвеститори, а под покровителство на Кабинет,от на претседателот, „Млади менаџери и бизнис-лидери“, претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со раководствата на компаниите коишто учествуваат во проектот. 

Истакнувајќи дека програмата ќе им овозможи на младите луѓе да стекнат конкурентни вештини и знаења коишто ќе ги одведат во нови професионални предизвици, претседателот Пендаровски на средбата ја реафирмираше поддршката за овој и за сите следни заеднички проекти коишто ќе придонесат за доусовршување на младите луѓе и коишто ќе ги мотивираат да останат во нашата земја.

„Покажавте висока свест и солидарност. Во најтешката година за бизнисот досега, покажувате и повисок степен на општествена одговорност. Особено, вредна за почит е Вашата одлука во овие особено тешки услови за работење и егзистирање, во своите компании да примите млади луѓе. Програмата е одлична можност за професионален непредок на секој амбициозен, млад човек“, им порача претседателот Пендаровски на претставниците на странските компании.

Во проектот се вклучија 8 компании – членки на Советот на странски инвеститори: ЕВН Македонија АД, Комфи Ангел, Ван Хоол Македонија, Кемет Електроникс Македонија, ЕОС Матрикс Македонија, Филип Морис ТКП, Рамстор Македонија и Макстил АД Скопје. Менаџерите на компаниите на денешната средба посочија дека преку проектот ќе се откријат талентирани млади луѓе, на коишто  компаниите ќе им пренесат нови знаења. 

„Фактот што интересот на компаниите е голем покажува дека програмата доега ја постигнува својата цел. На младите луѓе им даваме многу повеќе од пракса. Го зајакнуваме нивниот потенцијал и го зголемуваме најнеопходниот ресурс во земјата - човечкиот“, истакнаа на средбата, претставниците на Советот за странски инвеститори..  

Преку воспоставената соработка меѓу Кабинетот на претседателот и Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, 20 млади луѓе ќе учествуваат на обуки за стратешко планирање и лидерски вештини, а ќе имаат можност и да посетат различни сектори во рамки на компаниите коишто ги селектирал избраниот кандидат. Учесници во проектот ќе бидат дел од вебинари и ќе подготвуваат „студија на случај“. Практичната реализација на проектот започнува во понеделник. Годинава, поради пандемијата на Ковид – 19, истиот ќе се одвива онлајн.

Право на учество во програмата „Млади менаџери и бизнис-лидери“ имаа млади луѓе не постари од 29 години, односно студенти коишто се во последната година од нивните додипломски студии, дипломирани студенти, студенти на магистерски и докторски студии на универзитети/факултети по економија, право, човечки ресурси, менаџмент, јавна администрација, бизнис или научна област со која се занимаваат компаниите, вклучени во оваа програма.

 

 

 

 

Влатко Стојановски
советник во Стопанска комора на Македонија