Горан Антевски, генерален директор на компанијата „Раде Кончар-ТЕП“, во интервју за „Стандард“, дава оценка за годината што измина како и ги изнесува очекувањата за годината што е пред нас. Говори за предизвиците со кои се соочија македонските компании во 2020 година и потенцира дека нема простор за дилема во проценките кои од компаниите ќе успеат да ја преживеат годинава.
Според него како што наведува во интервјуто, ќе продолжат да работат и ќе бидат уште поуспешни само оние кои успеале да се реорганизираат. Во интервјуто Антевски подвлекува дека „Раде Кончар-ТЕП“ немал проблем на ова поле бидејќи во 2020 година регистрирал многу подобри резултати од претходните години, а планот за 2021 година е 30% повисок.
Како фактор од суштинско значење за македонската економија, Антевски ја посочува и потребата од поголемо учество на домашните компании во идните проекти, но и државната помош за домашните компании да ги добијат домашните проекти и инвестиции. Како неопходна ја посочува државната помош во инвестиции за зголемување на производството и вработените и таа според него мора да продолжи и во иднина.
„Раде Кончар-ТЕП“ Скопје е долгогодишна членка на Стопанската комора на Македонија која активно учествува во работата на органите и телата на Комората и е Покровител на Стопанската комора на Македонија.
Интервјуто на Горан Антевски за „Стандард“, можете да го прочитате на следниот линк: Интервју за "Стандард"