Јавно објавени податоците за емисиите на цврсти честички од „Макстил“ – вредностите се 25 под дозволените граници
➢ Актуелно (29.12.2020)
👁 Прочитано: 367



Јавно објавени податоците за емисиите на цврсти честички од „Макстил“ – вредностите се 25 под дозволените граници

Компанијата „Макстил“ АД Скопје започна со јавно објавување на емисиите на цврсти честички кои се испуштаат од производствените оџаци за време на работењето на фабриката, а првичните резултати покажуваат дека емисиите се далеку под дозволената граница.

Според годишните мерења на компанијата, во месеците кога се одвива производство, максималната достигната вредност на емисии на прашина е 0.74 mg/Nm3, што е повеќе од 25 пати под дозволената граница од 20 mg/Nm3.

-Како компанија, изминатите години вложивме големи средства и инвестиции во поставување високо технолошки процеси за контролирање на производството. Максималното намалување на емисиите на прашина во воздухот е приоритет во нашата работа, посочуваат од „Макстил“ АД Скопје.

Посочуваат дека погонот Челичарница немаше никаков производствен процес во февруари, мај, јуни, август и ноември годинава, а во останатите месеци работеше просечно по 15 дена во месецот.

Служба за информирање при Комората