НОВИ ВИНА НА ПАЗАРОТ: БЕЛ КАМЕН И ЦРН КАМЕН ПОД БРЕНДОТ KRŠLA VINYARDS,УШТЕ ЕДЕН УСПЕШЕН ПРОЕКТ НА „МАКПРОГРЕС“ ВИНИЦА
➢ Актуелно (27.12.2020)
👁 Прочитано: 433



НОВИ ВИНА НА ПАЗАРОТ: БЕЛ КАМЕН И ЦРН КАМЕН ПОД БРЕНДОТ KRŠLA VINYARDS,УШТЕ ЕДЕН УСПЕШЕН ПРОЕКТ НА „МАКПРОГРЕС“ ВИНИЦА

Kон самиот крај на годината, „Макпрогрес“ Виница успешно заврши уште еден проект на кој компанијата работеше изминатиов период.

Макпрогрес Виница, долгогодишна членка на Стопанската комора на Македонија и дел од највисоките управувачки тела на истата, иако веќе е интернационална компанија, својата инспирација ја црпи во регионот во кој е основана и е своевиден промотор на домашната економија во светот.

На 25.12.2020 година во Хотел Ресторан Александар Парк Виница компанијата ги претстави двете нови вина на пазарот, БЕЛ КАМЕН и ЦРН КАМЕН под брендот KRŠLA Vinyards.

Со соработката која по новогодишните празниците раководството на компанијата има намера да ја поттикне со локалните лозари, винските стручњаци, писателите, поетите и уметниците од Виница и регионот, верува дека ќе успее во крајната цел, а тоа е да го направи овој регион светски познат вински регион со признат квалитет и препознатливост.

 

 

Васко Ристовски
самостоен советник во Стопанска комора на Македонија