НАШИОТ ИНТЕРНЕТ САЈТ: WWW.MCHAMBER.MK, ПРОГЛАСЕН ЗА НАЈДОБАР БИЗНИС/КОРПОРАТИВЕН САЈТ за 2020 ГОДИНА
➢ Актуелно (16.12.2020)
👁 Прочитано: 1144



НАШИОТ ИНТЕРНЕТ САЈТ: WWW.MCHAMBER.MK, ПРОГЛАСЕН ЗА НАЈДОБАР БИЗНИС/КОРПОРАТИВЕН САЈТ за 2020 ГОДИНА

Оваа 2020 година, по единаесетти пат, македонската дигитална маркетинг агенција-Media Solutions која е сопствeник на платформата keepaneye.mk, со поддршка на Министерство за култура, го организираа изборот за сајт на годината.

Изборот за сајт на годината е проект кој има за цел да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите и севкупното интернет издаваштво во нашата земја.

Годинава, се натпреваруваа 533 сајтови од целата држава, распределени во 18 категории.

Стопанската комора на Македонија, која беше номинирана во категоријата НАЈДОБАР БИЗНИС/КОРПОРАТИВЕН САЈТ го овои првото место , односно, на манифестацијата која на 16.12.2020 година се одржа “онлајн”, беше прогласена за ПОБЕДНИК во оваа категорија. Во истата категорија второто место го освои A1.mk, додека третото место припадна на unet.com.mk.

На сите институции, групи и учесници кои се натпреваруваа во сите категории и кои ги освоија наградите, во името на Стопанската комора на Македонија им упатуваме честитки. Упатуваме честитки и до прогласениот најдобар сајт за 2020 година, односно до креаторите на Ковид19 Искуства и Совети.

Во име на Тимот на Стопанската комора кој неуморно работеше на целосниот редизајн на веб страницата на Стопанската комора на Македонија кој стартуваше од јули годинава, сакаме да се заблагодариме на сите кои гласаа за нас и кои ни ја дадоа својата поддршка.

Оваа награда ја посветуваме на нашите компании-членки кои и покрај сите предизвици со кои се соочуваат, во можеби најтешката година за живеење и работење предизвиканa од светската пандемија со Ковид 19, покажаа упорност, борба, пожртвуваност и огромна општествена одговорност.

Сајтот го креираме со многу голема стручност, професионализам, посветеност и знаење. Во него учествуваат не само експертските тимови кои директно работат на него, туку целиот коморски апарат распределен низ разните форми на организирање на Комората кои преку своите активности и информации кои ги пласираат создаваат платформа за поддршка на компаниите. Во него учествуваат и сите наши претставници од органите и телата на Комората, односно нашето членство. И секако, во него учествуваат и нашите партнерски институции како што се медиумите, државните и другите институции од земјата и странство со кои имаме секојдневна соработка. Сите заедно ја сочинуваме алката и изворот на информациите кои ги содржи нашиот сајт. На сите нив им благодариме и продолжуваме заеднички понатаму.

Наградата за нас претставува мотив плус за дополнителен ангажман, постојано усовршување и надградување, адаптирање кон промените и споделување на стручни информации, активности и вести со нашето членство за кое постоиме.

Следете не!

д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска, потпретседател на Стопанска комора на Македонија и одговорна за web сајтот на Комората

none