Одржана онлајн еднодневна работилница на тема : „Обврски на работодавачите по однос на исплаќањето на плата поради боледување, паузи и одмори и трошоци поврзани со работењето.”
➢ Актуелно (20.11.2020)
👁 Прочитано: 555



Одржана онлајн еднодневна работилница на тема : „Обврски на работодавачите по однос на исплаќањето на плата поради боледување, паузи и одмори и трошоци поврзани со работењето.”

Во однос на брзите и непредвидливи измени во регулативата и во начинот на функционирање, сосема оправдано кај работодавачите и работниците се наметнаа бројни дилеми по однос на тоа како правилно да постапат и кои чекори да ги преземат за да одговорат на новите потреби на работниот процес, без при тоа да се загрозат правата од работниот однос, а да се обезбеди правна заштита и превенција.

Со цел да се разјаснат бројните прашања на заинтересираните субјекти, Стопанската комора на Македонија, на 20 ноември 2020 година, организираше еднодневна работилница на тема: „Обврски на работодавачите по однос на исплаќањето на надоместоци на плата поради боледување, паузи и одмори и трошоци поврзани со работењето“. 
Работилницата со интерактивен пристап и на практичен начин, преку развивање на дискусија, ги елаборираше специфичностите на надоместоците на плата, со посебен фокус на боледувањето и различниот третман на категориите на работници кои се отсутни од работа поради КОВИД-19 во зависност од тоа дали имаат позитивен тест или пак се во самоизолација поради контакт со заболено лице.

Како одговор на потребите за правно регулирање на зголемените отсуства од работа и алтернативните начини на организирање на деловниот потфат, на работилницата се анализираа и: паузите и одморите, како и можноста за сменско работење, прекувремена работа, работа ноќе, со преглед на нивна евиденција и обврска за пријава во Државниот инспекторат за труд, како и трошоците поврзани со работењето со објаснување за тоа кога истите се исплаќаат на товар на работодавачот, а кога на товар на Фондот за здравствено осигурување.

Предавачи на работилицата беа Викторија Спасовска - Симоноска, адвокат во Адвокатско друштво „Гоџо, Кичеец & Новаковски“, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од облигационото, деловното и трудовото право и Сашка Бошковска-Богдановска, овластен ревизор, овластен сметководител и овластен проценител во „БДО“ ДОО - Скопје, со практично работно искуство во областа на ревизија, сметководство, даноци и пресметка на плати.

М-р Анита Митревска
стручен соработник во Стопанска комора на Македонија