ЗА ЛОКАЛНИ КОМПАНИИ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН Анкета во рамки на Коморскиот Инвестициски Форум
➢ АНКЕТА (29.10.2020)
👁 Прочитано: 1539



Анкета во рамки на Коморскиот Инвестициски Форум

Во рамките на Коморскиот Инвестициски Форум (КИФ), Стопанската Комора на Македонија заедно со останатите 5 комори од земјите на Западен Балкан, Германската стопанска комора (DIHK) и Виенскиот институт, работиме на студија – “Near-shoring potential in the Western Balkans (Потенцијалот на земјите од Западен Балкан за near-shoring)”.

За потребите на студијата изработени се кратки анкетни прашалници за странски компании вон Македонија, кои веќе инвестирале или планираат да инвестираат во економиите на земјите од Западен Балкан. Воедно, има и прашалник кој треба да го пополнат домашните, локални, компании кои сооработуваат со странските компании во Македонија.

Вашата компанија беше посочена како врвна домашна компанија со која соработуваат странските компании во Македонија. Вашите согледувања би биле од корист за оваа студија. За таа цел, Ве молиме  да одвоите околу 10 минути од Вашето време и го пополните прашалникот кој е даден на следниот линк: https://www.surveymonkey.com/r/RB6SXM8 (12 прашања во SurveyMonkey).  

Ви благодариме однапред за одвоеното време и соработката.

Со почит,
Стопанска Комора на Македонија

 

Служба за информирање при Комората