ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ИЗВОЗ ВО ВРЕМЕ НА КОВИД-19
➢ Актуелно (22.10.2020)
👁 Прочитано: 3002


Одржан „онлајн “- семинар на тема: КАКО ДА СЕ ИДЕНТИФИКУВААТ МОЖНОСТИТЕ ЗА ИЗВОЗ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ПАЗАР ВО ВРЕМЕ НА КОВИД 19?
ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ИЗВОЗ ВО ВРЕМЕ НА КОВИД-19

Светската трговија беше е ставена пред нов предизвик изминатиов период, а глобалната пандемија дополнително се рефлектира врз работењето на извозно ориентираните компании, нарушувајќи ги годишните планови на компаниите и присуството на трети пазари.

При отежнати услови, компаниите беа приморани да размислуваат неконвенционално и со примена на новите технологии да ја осигураат својата позиција на пазарот, да обезбедат непречен тек на редовните активности и на тој начин да создадат можности за нови партнерства и настапи на нови пазари.  Компаниите постојано се соочуваат со нови предизвици, а особено извозно ориентираните компании чиј пласман на странските пазари беше директно условен од новата ситуација. 

Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Матрона Конс“ - ексклузивен застапник на „RGX“ – глобален лидер во меѓугранична соработка на МСП, на 21 октомври 2020 година, за прв пат пред македонските компании органзираа онлајн семинар со врвни експерти, кои ги споделија светските искуства за креирање на извозна стратегија на компаниите.

На овој „Онлајн “- семинар, македонските компании имаа можност да го слушнат предавањето на Хосеп Бертран (Josep Bertrán), меѓународен експерт и професор по меѓународен маркетинг на Универзитетот во Барселона и Тара Суливан (Tara Sullivan) консултант за комуникација на Аргентинската агенција за промоција на странски инвестиции и Министерството за надворешни работи.  

Во рамките на предавањето експертите дадоа одговор на македонските компании како да се најдат нови пазари и како да се привлечат нови клиенти во време на новото нормално; кои се промените во логистиката за испорака и дистрибуција во ЕУ и што треба македонските компании да направат за успешно да извезуваат. Исто така, беа споменати искуства како да се бараат нови добавувачи и кои се критериумите за нивно избирање, како и влијанието на веб страниците на извозниците и многу други препораки за македонските извозници засновани врз однесувањето на американските извозници.

RGX е глобален лидер во меѓуграничната соработка на мали и средни претпријатија со присуство во 53 земји и канцеларии во Флорида, Франција, Кина и Аргентина. Од 2000 година, RGX помогнале на повеќе од 188,000 мали и средни претпријатија во нивниот процес на интернационализација и соработуваат со повеќе од 700 стопански комори, здруженија и влади во дизајнирањето и спроведувањето на проекти за промоција на надворешната трговија. RGX, со своето искуство работат и со многу мултинационални компании како American Airlines, American Express, Cisco, DHL, Dell, Fedex, Google, Mastercard, Microsoft, Visa, UPS, итн. (www.rgxonline.com).  

Настанот беше поддржан од страна на KUEHNE + NAGEL , глобална компанија за транспорт и логистика.

 

Михајло Донев
соработник во Стопанска комора на Македонија