ГРАНИТ, БИТОЛСКА МЛЕКАРА И МАКСТИЛ, ДОБИТНИЦИ НА ПРИЗНАНИЈА ЗА НАЈДОБРА ПРАКСА ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА
➢ Актуелно (21.10.2020)
👁 Прочитано: 2755



ГРАНИТ, БИТОЛСКА МЛЕКАРА И МАКСТИЛ, ДОБИТНИЦИ НА ПРИЗНАНИЈА ЗА НАЈДОБРА ПРАКСА ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

Реномирани и истакнати компании членки на Стопанската комора на Македонија се добитниците на признанијата во рамки на Изборот за доделување на Национална награда на компанија со најдобра пракса за безбедност и здравје при работа кој го организира националниот Совет за безбедност и здравје при работа, со поддршка на Министерството за труд и социјална политика. 

Плакетите за трите најдобро рангирани компании со најдобра пракса за здравје и безбедност при работа оваа година беа доделени на ГД Гранит АД – Скопје, Млекара АД – Битола и Макстил АД – Скопје од страна на министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска. 

Признанијата беа доделени во текот на Европската недела за безбедност и здравје при работа која трае во периодот 19 – 23 октомври оваа година, посветена на подигнувањето на свеста кај сите чинители во доменот на безбедноста и здравјето при работа.

Служба за информирање при Комората