НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 24.09.
➢ НА ДЕНЕШЕН ДЕН ... (24.09.2020)
👁 Прочитано: 787


Во рубриката - На денешен ден - евидентираме настани кои од историски аспект се случиле на денешен ден а кои се поврзани со економијата, општеството, со секојдневното живеење. Издвојуваме некои од нив кои цениме дека се највпечатливи ....
НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 24.09.
24.09.1706 година, во Алтранштет, Шведска и Саксонија склучиле мир со кој Шведска се откажала од полската круна и го признала полскиот крал Станислав Лешчињски.  
24.09.1852 година, францускиот инженер Анри Жифар го извел првиот лет со цепелин на парен погон, летајќи 27 километри, од Париз до Трап.  
24.09.1905 година, Шведска ја признала независноста на Норвешка која претходно била под владение на Данска, а од 1814 година во унија со Шведска. По отцепувањето е прогласена за самостојна уставна монархија на чело со кралот Хакон VII.  
24.09.1908 година, во Солун, во кафеаната „Бошњак-ан“, терористи - платени врховисти извршиле неуспешен атентат врз големиот македонски револуционер Јане Сандански. При атентатот две лица од придружбата на Сандански биле смртно погодени.  
24.09.1941 година, во Лондон, на Конференцијата на претставниците на владите на Австралија, Канада, Велика Британија, Нов Зеланд, Јужноафриканскиот Сојуз, СССР и претставници на бегалските влади на Чехословачка, Грција, Белгија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Полска, Југославија и на слободна Франција, ја потпишале Атлантската повелба која пред шест недели ја прокламирале американскиот претседател Франклин Рузвелт и британскиот претседател Винстон Черчил, со што овие земји ја прифатиле Повелбата како политичка програма во борба против силите на Оската.  
24.09.1945 година, роден е Владимир Глигоров, македонски економист.  
24.09.1948 година, од иноваторот и дизајнер на моторите „Хонда“, господинот Соихиро Хонда, основана е компанијата „Хонда“.  
24.09.1949 година, роден е Педро Алмодовар, шпански режисер и сценарист.  
24.09.1993 година, во Монте Карло, Македонскиот олимписки комитет е примен за рамноправен член на олимпиското семејство.  
Служба за информирање при Комората