ТУРИЗМОТ, КОНКУРЕНЦИЈАТА И ИЗВОЗОТ ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈАТА И ПО НЕА ТУРИЗМОТ, КОНКУРЕНЦИЈАТА И ИЗВОЗОТ ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈАТА И ПО НЕА
➢ ОГЛАС (18.09.2020)
👁 Прочитано: 3463



ТУРИЗМОТ, КОНКУРЕНЦИЈАТА И ИЗВОЗОТ ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈАТА И ПО НЕА

Глобалната пандемија значително влијаеше врз начинот на којшто функционираме приватно и професионално. Неизвесноста што ја донесе пандемијата предизвика значајни промени во делувањето на компаниите, особено во секторите кои најсилно се соочија со овој предизвик, како што се туризмот и угостителството.

Туристичката индустрија, според податоците на Светската туристичка организација при Обединетите нации (UNWTO) учествува со 10% во креирањето на глобалниот БДП. За важноста која ја има овој сектор говори и фактот дека секој десетти вработен на светско ниво, работи во овој сектор.

Во насока на поттикнување на секторите туризам и угостителство за преземање на конкретни активности кои ќе придонесат за поголема додадена вредност на туризмот и симболично одбележување на Светскиот ден на туризмот во новонастанатите услови, Стопанската комора на Македонија, Министерството за економија и Проектот „Образование за вработување во Северна Македонија - Е4Е@мк“, на 27 септември 2020 година, организираат Конференција на тема: „Извозна стратегија за поголема додадена вредност на туризмот како предизвик на новото време“.

Конференцијата има за цел помеѓу чинителите да се развие дискусија во поглед на клучни прашања од доменот на тоа како да се подобри конјунктурата во туризмот во услови на пандемија, но и по завршување на пандемијата, како и приспособување кон новите трендови во туризмот и развивање на Северна Македонија како туристичка дестинација во 2021 година.

Повеќе информации во врска со Конференцијата можете да најдете на следниот линк.

Михајло Донев
соработник во Стопанска комора на Македонија