Во Јужна Америка се гради мега индустриско пристаниште
➢ Актуелно (18.08.2020)
👁 Прочитано: 1079



Во Јужна Америка се гради мега индустриско пристаниште


Во градот Президенте Кенеди, Бразил, Јужна Америка, се гради мега пристанишен комплекс, со цел да се олесни трговијата со Азија која е главен пазар за Јужна Америка. Се очекува да се отвори кон крајот на 2023 година, со што ќе биде најмодерното пристаниште во Јужна Америка. Во последните десет години Бразил за трипати го зголеми извозот на производи, поради што државата е насочена кон зголемување на инфраструктурата. Инфраструктурните проекти во пристаништа се очекува во годините кои следат да надминат 19 милијарди американски долари.
Објектот кој се простира на 1.800 хектари се вика Порто Централ, се наоѓа во градот Президенти Кенеди во југоисточната држава Еспирито Санто, која граничи со Рио де Жанеиро.
Азија, особено Кина, е најголем трговски партнер на Бразил, а за овој меѓународен трговски тек се потребни големи бродови кои сега можат да се вкотват во малото бразилско пристаниште. Во Бразил има малку пристаништа во кои може да се изврши товарање и истоварување на големи светски бродови и тоа е предност на проектот Порто Централ, со можност за вкотвување на најголемите светски бродови во секоја класа, на секој пристаништен терминал. Пристаништето ќе има повеќе терминали, внатрешен канал со постепено смалување на длабочината на водата за бродови кои впловуваат, како и 13 пристаништа за бродови со течен товар.

 

Служба за информирање при Комората