Извршниот директор на Тиго Фајнанс, Филип Димитровски меѓу 40-те највлијателни и најуспешни млади бизнис лидери во Југоисточна Европа
➢ Актуелно (18.08.2020)
👁 Прочитано: 2499



Извршниот директор на Тиго Фајнанс, Филип Димитровски меѓу 40-те највлијателни и најуспешни млади бизнис лидери во Југоисточна Европа

Филип Димитровски, извршен директор на финансиското друштво Тиго Фајнанс и потпретседател на Здружението на финансиски организации при Стопанската комора на Македонија е на листата „40 највлијателни и најуспешни бизнис лидери под 40 години“ во регионот на Југоисточна Европа, публикувана од меѓународната агенција „Bussines Elite Awards“.

Тој, заедно со останатите 39 млади и амбициозни професионалци влегуваат во светската бизнис елита како водечки визионери и креатори, кои вмрежени ќе работат за унапредување на идниот развој на своите општества и бизнис окружувањето.

„Ми претставува навистина големо задоволство и чест што го добивам ова признание, особено што доаѓа од престижната програма како што е Business Elite’s 40 Under 40, во толку голема ‘конкуренција’ на брилијантни умови и млади претприемачи кои работат и живеат во нашата земја. Со нетрпение  го очекувам вмрежувањето и можностите за размена на идеи и искуства, за и понатаму да продолжиме уште повеќе да придонесуваме кон развојот на бизнис заедницата во сопствените земји. Дополнително, овој гест го гледам и како признание и благодарност за пожтрвуваноста во изминатите 3 години, за време на кои  Тиго, компанијата со која предводам, ги оправда очекувањата, прогнозите и притоа ги забележа најдобрите перформанси во историјата на индустријата над останатите небанкарски финансиски друштва на пазарот, по висината на приходите и растот на истите. Од друга страна пак, ова признание доаѓа и како мотив и инспирација за засилена иновативност, посветена работа, прилагодување на новата состојба во досега најпредизвикувачката година за светската економска и бизнис сцена. На крај и најважно, ова достигнување е достигнување и за секој поединец во тимот на Тиго, затоа што врвните компаниски, но и лични постигнувања во бизнисот се возможни само ако до себе имаме тим кој живее со истите вредности како компанијата и дише со ист ритам. “ – изјави Филип Димитровски, извршен директор на Тиго Фајнанс и потпретседател на Здружението на финасиски организации.  

Програмата Business Elite’s 40 Under 40” е годишен настан кој оваа година ќе го одбележи своето второ издание со специјална гала свеченост за доделување на наградите на 15 октомври 2020 г, година во Милано.

Инаку, Business Elite’s 40 Under 40” е престижна програма за наградување на извонредни млади менаџери и претприемачи од светот на бизнисот. Business Elite Awards гради широка мрежа од елитата за елитата. Членовите на престижната алумни мрежа можат да ги зголемат шансите за понатамошен успех како резултат на сите нови контакти што ќе ги генерираат со останатите наградени успешни луѓе од бизнисот. “Executive Club”, односно алумни мрежата е ексклузивна за наградените млади бизнисмени и само тие можат да имаат корист од неа.

Финансиското друштво Тиго Фајнанс, како компанија - членка на Стопанската комора на Македонија е присутно на македонскиот пазар нешто повеќе од две години. За овој релативно краток период, компанијата успеа да постигне значителни резултати и да внесе позитивни промени во целокупниот финансискиот сектор. Со своето работење, Тиго Фајнанс недвосмислено докажува дека е компанија која посветено работи на приближување на Fintech индустријата до граѓаните, како и подигнување на стандардите за брзината и ефикасностa на индустријата, овозможена од дигиталните и технолошки напредни алатки за ефикасна, детална и сеопфатна проценка на кредитоспособноста на лицето кое аплицира.

Заложбите на Тиго Фајнанс за напредок на целокупната индустрија на небанкарските финансиски друштва дополнително се потврдуваат и со вклучувањето на првиот човек на компанијата во управувачките одбори на Здружението на финансиски организации и Групацијата на финансиски друштва при Стопанската комора на Македонија.

 

Влатко Стојановски
советник во Стопанска комора на Македонија