ВРАЌАЊЕ КОН ТРАДИЦИЈАТА СО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СВЕТСКИ ДЕН НА КНЕДЛИТЕ
➢ Актуелно (18.08.2020)
👁 Прочитано: 2439



ВРАЌАЊЕ КОН ТРАДИЦИЈАТА СО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СВЕТСКИ ДЕН НА КНЕДЛИТЕ

Годишно во светот се одбележуваат преку 1500 различни светски денови, како на пример Светски ден на чоколадото, пицата, палачинките и други производи, а после десет векови од кога за прв пат се направени кнедлите, постои иницијатива и тие да добијат свој светски ден. Овој тип на одбележување на одредени настани или типови на храна, како и целата маркетниг стратегија која се користи за нивно промовирање и одбележување, знаат да бидат доста профитни за нивните организатори, како и за производителите на одредениот тип на храна.

Овој вид на слатки - кнедлите, кои имаат едноставен рецепт со малку состојки, го одбележуваат својот светски ден, а најпознати од нив се кнедлите со сливи. Кнедлите претставуваат едно од најстарите јадења на светот, со кои пораснале стотина генерации во Србија, Хрватска, Австрија, Германија, Чешка, Словачка, Полска, Унгарија и други европски земји, а и кај нас има можност да се вкуси овој сладок деликатес.

Од историските личности, дури и царот Фердинанд ги обожувал овие слатки и морал да ги добие без оглед на временскиот период во годината и дали во тој период има соодветно овошје или не.

Со миграцијата на населението од Европа во други земји низ светот, кнедлите се препознатливи насекаде, што претставува добра причина да се одбележи светски ден на кнедлите.

Служба за информирање при Комората