КОЛКУ ВРЕМЕ ЌЕ БИДЕ ПОТРЕБНО ЗА ЗАКРЕПНУВАЊЕ ОД КРИЗАТА ПО СЕКТОРИ?
➢ Актуелно (17.08.2020)
👁 Прочитано: 2385



КОЛКУ ВРЕМЕ ЌЕ БИДЕ ПОТРЕБНО ЗА ЗАКРЕПНУВАЊЕ ОД КРИЗАТА ПО СЕКТОРИ?

Истражувањата на германскиот институт ИФО покажуваат дека во периодот што  следи компаниите ги чека долг пат до закрепнување од кризата до враќањето во нормалност, а особено по укинувањето на сите јавни ограничувања, компаниите уште долго ќе треба да ги совладуваат последиците. Германските компании очекуваат нормализирање на состојбата во следните 11 месеци, услужниот сектор во просек ќе се нормализира за 11,7 месеци.

Градежниот сектор очекува подобрување за 11,1 месеци, во малопродажбата за 10,3 месеци, а во индустријата за 10,1 месеци, согласно истражувањата на ИФО институтот. Особено погоден од пандемијата беше туристичкиот сектор, кој пак очекува подобрување на состојбата за 14,6 месеци, односно за околу 16 месеци. Враќањето во нормала најдолго ќе трае во индустријата на забава и уметност, околу година и половина. Најбрзо ќе се врати во нормала жито-преработувачката индустрија, до крајот на оваа година, се наведува во истражувањата на ИФО институтот.

Служба за информирање при Комората