СТО Извештај-Кризата предизвикана од КОВИД-19 би можела да ги зголеми трговските трошоци
➢ Актуелно (16.08.2020)
👁 Прочитано: 2931



СТО Извештај-Кризата предизвикана од КОВИД-19 би можела да ги зголеми трговските трошоци

Секретаријатот на Светската трговска организација (СТО), објави ново информативно издание каде што предупредува за можни зголемувања на трговските трошоци поради состојбата предизвикана од КОВИД-19. 

Документот го истражува влијанието на пандемијата врз клучни компоненти од трговските трошоци, особено оние поврзани со патување и превоз, трговска политика и неизвесност и идентификува области каде што повисоките трошоци би можеле да се задржат дури и по спласнувањето на пандемијата.

Во Извештајот се проценува дека, трошоците за патување и превоз претставуваат речиси една третина од трошоците за тргување, во зависност од секторот. Затоа, ограничувањата на патување поврзани со пандемијата веројатно ќе се одразуваат врз трговските трошоци се додека се на сила. На пример, светскиот воздушен товарен капацитет се намали за 24,6 проценти во март 2020 година, со оглед на тоа што патничките летови покриваат речиси половина од обемот на воздушниот товарен сообраќај. Последователното зголемување на цените на воздушниот превоз на товар, има можност да се скроти единствено со повраток на патничкиот превоз, се вели во извештајот. Иако морскиот и копнениот превоз се немаат соочено со слични потреси, водниот превоз забележува намалување на бројот на пловидби, додека меѓународниот копнен превоз беше погоден од затворањето на границите, санитарните мерки и обиколувањата. 
Понатаму, деловните патувања, коишто се важни за одржување на трговски врски и управување со глобалните вредносни синџири, освен што се значајна стопанска дејност сама по себе, се во прекин. 

Квалитетот на  инфраструктурата на информатичката и комуникациската технологија (ИКТ) и дигиталната подготвеност ќе бидат важни за одредување колку добро ќе се справат економиите.

Се проценува дека, бариерите со трговските политики и разликите во регулативите ќе бидат одговорни за најмалку 10 проценти од трговските трошоци во сите сектори. Тоа вклучува царински и нецарински мерки, привремени трговски бариери, разлики во регулативите и трошоци за преминување граници, како и други политики што влијаат врз трговијата, како што се недостиг на инвестициски олеснувања или на заштита на интелектуална сопственост. 

Извештајот забележува дека и покрај тоа што КОВИД-19 поттикна промени во царините и регулаторните практики што ја ограничуваат трговијата и го олеснуваат увозот, мерките досека имале влијание врз само малo подмножество производи. Промена кон дигитализација на царинските и регулативните процедури под налетот на кризата за да се намали физичкиот контакт, би можела да ги намали придружните трговски трошоци на долг рок.
 

Извештајот исто така, укажува на неизвесноста како чинител што го зголемува влијанието на постојните трошоци за тргување, натежнувајќи врз трговските финансиски текови и придушувајќи го апетитот на претпријатијата да инвестираат во истражување нови пазари, стекнување јазични вештини и перспективни партнери и усогласување со странските стандарди. 
 

Во Извештајот се нотира дека во првото тримесечје од 2020 година, една широко употребувана мера за глобалното ниво на неизвесност, регистрира стапки за 60 проценти повисоки од тие предизвикани од Ирачката војна и епидемијата на САРС во 2003 година Во средината на март годинава, еден посебен индекс за променливоста на финансискиот пазар се доближи до ниво последно забележано во 2008 година по паѓањето на „Лиман Брадрс“. 

Околу очекувањата за иднината, Извештајот забележува дека многу влади спровеле мерки за ублажување на прекините на економската дејност поврзани со пандемијата, на пример по пат на изземање на одредени превознички екипажи од ограничувањата за патување или со зајакнување на квалитетот и пристапот до ИКТ. Иако доста од промените на тровските трошоци се очекува да се вратат на старо штом пандемијата се стави под контрола, Извештајот евидентира дека некои ефекти би можеле да останат. На пример, консолидацијата на воздухопловната индустрија и промените во апетитот за летање на патниците би можело да доведе до повисоки трошоци за воздушен превоз. Дополнитело, владиниот избор на политики – коишто би можеле и да ја намалат и да ја зголемат неизвесноста со трговските политики – ќе биде важен во иднина за оформувањето на трговските трошоци поврзани со неизвесноста.


Целосниот Извештај може да се прочита на следниот линк: WTO Извештај
 

 

д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска
потпретседател на Стопанската комора на Македонија