За познавачите на берзата информацијата дека „Кодак” влегува во фармацијата не е новина, бидејќи оваа компанија по втор пат влегува во фармацевтската индустрија, откако претходно беше вклучена во производство на лекови без рецепт, пред да ја продаде единицата на SmithKline Beecham, која подоцна стана GlaxoSmithKline, во 1994 година.
Акциите на пионерот за фотографија, достигнаа над 500% откако американската влада во вторникот и додели на компанијата заем од 765 милиони американски долари за производство на фармацевтски компоненти, во обид да се бори против пандемијата на коронавирусот.
„Кодак” е глобална технолошка компанија, фокусирана на печатење и производство на соверемени материјали и хемикалии.