ТИМ40 – АКТИВНОСТИ ЗА ИНОВАТИВНИ ПРОЕКТИ ЗА МЛАДИ МЕНАЏЕРИ, ПРЕТПРИЕМАЧИ
➢ Актуелно (25.01.2023, во 10:01:00)
👁 Прочитано: 495




ТИМ40 – АКТИВНОСТИ ЗА ИНОВАТИВНИ ПРОЕКТИ ЗА МЛАДИ МЕНАЏЕРИ, ПРЕТПРИЕМАЧИКликни за повеќе

Претседателот на Тим 40, Жарко Димитриоски оствари работен состанок со Марина Рубен од тимот на Advisory services for businesses (ASB) на Европска Банка за Обнова и Развој. На состанокот се разговараше за можните проекти на Асоцијацијата Тим 40 во кои ЕБОР наоѓа интерес за заедничка соработка.

Двете страни се согласни дека имаат заеднички цели во насока на поддршка на претприемништвото, дигитализација на претпријатијата и поддршка на младите менаџери и сопственици, за што во следниот период ќе работат на првите чекори во реализација на конкретни активности.

Служба за информирање при Комората