СО ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРИ РЕЗУЛТАТИ
➢ Актуелно (23.11.2022, во 15:03:00)
👁 Прочитано: 384



КОМОРАТА И ИФЦ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ОДРЖАА ТРИ ПРЕДАВАЊА ПРЕД ПОВЕЌЕ ОД 70 ФИРМИ
СО ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРИ РЕЗУЛТАТИКликни за повеќе

На 17,18 и 22 ноември во Скопје, Штип и Струмица, Стопанската комора на Северна Македонија и Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) одржаа бесплатни предавања пред бизнис заедницата на тема:“Предизвици и изнаоѓање нови алатки и можности за поддршка на фирмите-рани знаци на предупредување за настанување на инсолвентност и користење на медијацијата во решавање на стопанските спорови”.

  • На предавањата беа присутни повеќе од 70 фирми. Со нив поразговаравме и околку состојбата со енергетската криза и поддршката што Комората им ја пружа во вакви исклучителни тешки времиња за стопанисување.
  • Предавачи беа д-р Јелисавета Георгиева Јовевска, потпретседател на Стопанската комора на Северна Македонија и Национален координатор за медијација како и Дејан Костовски, правен консултант во проектот на ИФЦ за „Решавање на долгови и деловен излез во Република Северна Македонија“.

  • Соработката со ИФЦ продолжува и во следниот период.
  • Стопанската комора на Северна Македонија, за популаризација и афирмација на медијацијата, институционално во овие активности беше поддржана од Меѓународната финансиска корпорација ИФЦ – групација на Светска банка. На предавањата беше промовирано второто издание на Брошурата за медијација поддржано од ИФЦ.
Служба за информирање при Комората