НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 12.8.
➢ НА ДЕНЕШЕН ДЕН ... (12.8 .2022, во 16:27:48)
👁 Прочитано: 64



Во рубриката - На денешен ден - евидентираме настани кои од историски аспект се случиле на денешен ден а кои се поврзани со економијата, општеството, со секојдневното живеење. Издвојуваме некои од нив кои цениме дека се највпечатливи ....
НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 12.8.
12.8.30 п.н.е. Клеопатра, кралицата на Египет и последен владетел од Птоломејската династија извршила самоубиство, по поразот на силите на Марко Антониј, од страна на римскиот император Октавиан.
12.8.1833 година, основан е градот Чикаго, Илиноис.
12.8.1960 година, лансиран е Ехо I, првиот комуникациски сателит.
12.8.1990 година, осветен е Соборниот храм на Македонската православна црква во Скопје, посветен на Св.Климент Охридски.
Служба за информирање при Комората