НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 06.8.
👁
Прочитано:
59
Во рубриката - На денешен ден - евидентираме настани кои од историски аспект се случиле на денешен ден а кои се поврзани со економијата, општеството, со секојдневното живеење. Издвојуваме некои од нив кои цениме дека се највпечатливи ....
06.8.1932 година, во Венеција, Италија, од 6 до 21 август е одржан првиот филмски фестивал во светот.
06.8.1944 година, во селото Рамно, Кумановско, Президиумот на АСНОМ донесе решение за формирање на осум поверенства при Президиумот на АСНОМ и за поделба на Македонија на области, околии и општини.
06.8.2012 година, возилото „Кјуриосити“ (НАСА) слетува на планетата Марс во потрага по знаци на живот.
Служба за информирање при Комората