НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 23.6.
➢ НА ДЕНЕШЕН ДЕН ... (23.6 .2022, во 18:44:56)
👁 Прочитано: 59



Во рубриката - На денешен ден - евидентираме настани кои од историски аспект се случиле на денешен ден а кои се поврзани со економијата, општеството, со секојдневното живеење. Издвојуваме некои од нив кои цениме дека се највпечатливи ....
НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 23.6.
23.6.1633 година, Светиот суд во Рим го осуди Галилео Галилеј на доживотна робија (подоцна сменета во куќен притвор), а неговите дела ги забрани како опасни за христијанството.
23.6.1868 година, Кристофер Латам Шолс добил патент за машината за пишување.
23.6.1894 година, во Париз основан Меѓународниот олимписки комитет, по иницијатива на баронот Пјер де Кубертен.
23.6.1915 година, роден е Кузман Јосифовски – Питу, народен херој на Македонија.
23.6.1958 година, холандската протестантска црква ги прифати жените за свештеници.
Служба за информирање при Комората