НА ДЕНЕШЕН ДЕН,14.05.
➢ НА ДЕНЕШЕН ДЕН ... (14.5 .2022, во 16:03:03)
👁 Прочитано: 85



Во рубриката - На денешен ден - евидентираме настани кои од историски аспект се случиле на денешен ден а кои се поврзани со економијата, општеството, со секојдневното живеење. Издвојуваме некои од нив кои цениме дека се највпечатливи ....
НА ДЕНЕШЕН ДЕН,14.05.
14.5.1771 година е роден Роберт Овен, англиски социјалист, еден од најпознатите претставници на утопискиот социјализам.
14.5.1919 година е роден Аврам Садикарио, македонски поет.
14.5.1948 година е прогласена независната држава Израел. Арапските соседи веднаш ја напаѓаат, со што започнува Војната за независност.
14.5.1955 година седум комунистички земји и СССР потпишуваат договор за меѓусебна одбрана, познат како Варшавски договор.
14.5.1984 година е роден Марк Закерберг, основачот на Facebook.
Служба за информирање при Комората