НА ДЕНЕШЕН ДЕН,19.03.
➢ НА ДЕНЕШЕН ДЕН ... (19.3 .2023)
👁 Прочитано: 74



Во рубриката - На денешен ден - евидентираме настани кои од историски аспект се случиле на денешен ден а кои се поврзани со економијата, општеството, со секојдневното живеење. Издвојуваме некои од нив кои цениме дека се највпечатливи ....
НА ДЕНЕШЕН ДЕН,19.03.
19.3.1629 година е роден Алексеј I Романов, руски цар.
19.3.1813 година е роден Дејвид Ливингстон, шкотски истражувач на африканскиот континент.
19.3.1900 година е роден Фредерик Жолио Кири, француски физичар.
19.3.1903 година идеологот на ТМОРО Гоце Делчев со својата чета го разурна тунелот кај реката Драматица (Ангиста), Серско. Тоа беше последната негова акција против османлиската власт пред смрта.
19.3.1910 година е роден Страхил Андреевски, македонски боксер.
19.3.1942 година е роден Салаедин Билал, македонски глумец од турска националност.
19.3.1943 година е роден Митко Маџунков, македонски писател.
19.3.1947 година е родена Глен Клоус, американска глумица.
19.3.1955 година е роден Брус Вилис, американски глумец.
19.3.1976 година е роден Петар Грашо, хрватски поп-музичар.
Служба за информирање при Комората