НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 15.01.
➢ НА ДЕНЕШЕН ДЕН ... (15.1 .2022)
👁 Прочитано: 80



Во рубриката - На денешен ден - евидентираме настани кои од историски аспект се случиле на денешен ден а кои се поврзани со економијата, општеството, со секојдневното живеење. Издвојуваме некои од нив кои цениме дека се највпечатливи ....
НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 15.01.
15.1.1622 година e роден Жан Батист Поклен Молиер, француски писател и артист.
15.1.1875 година e роден Војдан Поп Георгиев-Чернодрински, основоположник на првиот македонски театар.
15.1.1906 година e роден Аристотел Оназис, грчки стопанственик.
15.1.1929 година e роден Мартин Лутер Кинг, борец за граѓанските права и за мир.
15.1.1945 година во Скопје почна Првата дводневна земска конференција на ветеринарните лекари во Македонија. Притоа, беа формирани првите ветеринарни станици, а со тоа беа удрени темелите на ветеринарната служба во Македонија.
15.1.1992 година Арбитражната комисија на Европската заедница, на чело со претседателот, господин Бадинтер (Бадинтерова комисија), во својот извештај соопшти дека се исполнети сите услови за меѓународно признавање на Македонија.
Служба за информирање при Комората